15:02 - 19 ноември, 2026

Славчо Попоски најавува НОВ БРАН врнежи и густа магла, еве кога

– Медитеранскиот циклон кој ја зафати целата наша држава најмногу дожд донесе во Демир Капија, дури 63 литри. Најмалку дожд наврна во Охрид и тоа 3 литри, додека во Скопје – Петровец наврнаа 13 литри дожд.

Како што беше и најавено од наша страна на највисоките планински врвови, и тоа на Пелистер има снег и е формирана снежна покривка.

Од денес следува нов период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Маглата локално би можела да биде и ГУСТА.

Нов бран на врнежи барем според последните анализи се очекуваат за време на викендот.

Температурите овие денови ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени. Во Скопје и околината следува период на стабилно и суво време, додека наутро и во претпладневните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност. Температурата ќе се искачи до околу 19 степени, вели метеопрогнозерот Попоски.

Слични објави

Долг кариран капут, проѕирни хулахопки и чизми до колена: Сара Јо се појави во „без панталони“ модно издание

Еспресо

(Фото) Тања Савиќ ја покажа креативната страна додека ужива во луксузниот одмор на Малдиви

Еспресо

(Фото) Не ги пропуштајте големите ноемвриски попусти на трпезариски и клуб маси во Wood room

apostolova

Животот им носи неверојатен пресврт на три хороскопски знаци — пристигнува полната Месечина на 24 ноември

К.С.

(Фото) Адријана Алачки во поинакво издание: наместо пред камерите, покрај казанот со ајвар

Еспресо

(Фото) Мини фустан, корсет и поглед кон Ајфеловата кула — Мина Блажев и Луна Стефановска уживаат во Париз

К.С.
Се вчитува....