11:35 - 31 март, 2026

Славчо Попоски најавува моќен џеновски циклон на Балканот кој ќе донесе многу снег, еве кога

– Како што претходно најавивме, за време на викендот, и тоа особено во недела, како и во понеделник низ Балканот (особено во Словенија,  Хрватска, Босна и Херцеговина и делови од централна и западна Србија, како и планинските предели на Црна Гора ќе ги зафати вистинско СНЕЖНО НЕВРЕМЕ.

Сето ова ќе биде поради вцлијанието на МОЌНИОТ ЏЕНОВСКИ ЦИКЛОН и поради продорот на СТУДЕН воздух од север.

Локално ќе наврне и до 50 цм снег (и понекаде во градовите). Во Горски Котар (Хрватска) се очекува и до околу еден метар снег (100 цм).

Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат а сето ова ќе биде проследено со силен ветер од североисточен правец (на Јадранот СИЛНА БУРА).

Во Македонија од викендот ќе има врнежи само од дожд и тоа поради пристуство на потопол воздух од југ. Снег е можен само на највисоките планини а ќе дува и ЗАСИЛЕН јужен и југозападен ветер. Температурите кај нас ќе бележат тенденција на мал пад, што значи дека и понатаму ќе биде НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО – вели метеопрогнозерот Попоски и напоменува:

– За време на викендот, особено во недела како и во понеделник нашите граѓани доколку планираат да патуваат во горе наведените Балкански држави, да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ во случај на појава на НЕВРЕМЕ кое би можело да биде проследено и со грмежи, како и ОЛУЕН ВЕТЕР, особено долж Јадранот (можни се локални ПОПЛАВУВАЊА)

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо
Се вчитува....