05:55 - 6 април, 2026

Скршено срце и спомени што болат: Ана Костадиновска сподели приказна за пријателите од ДНК што загина во пожарот во Кочани

Ана Костадиновска, придружниот вокал на ДНК која го преживеа трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани не може да се помири со загубата на своите пријатели и колеги, кои ги загубија животите на 16 март.

Костадиновска, точно шест месеци откако загинаа членовите на ДНК сподели емотивна објава со емотикони на сршено срце и напиша: „Си беше еднаш. 6“.

Сара Пројковска, која го загуби животот во пожарот ѝ беше како сестра на Ана, тие со години пееја заедно како придружни вокали и беа блиски другарки. Сара Пројковска беше професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Сара Пројковска и Ана Костадиновска Фото/ Фејсбук

Андреј Ѓорѓиески, вокалот на дуото ДНК е еден од загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани.  Животот го загубија и Александар Ефремов,  фотограф на бендот ДНК, клавијатуристот Филип Стевановски кој беше директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ , тапанарот на бендот Ѓорги Ѓоргиев, битбоксерот Мартин Атанасовски- Буцо, како и штипскиот бас гитарист Александар Коларов.

Владимир Блажев- Панчо го преживеа пожарот. Според последните информации, тој има сериозни изгореници и уште е на болничко лекување.

Ана и Сара последниот стих заедно го испејаа токму на тој ден, 16 март во Кочани, во дискотеката „Пулс“, каде што Сара, заедно со уште 62 млади луѓе, трагично го загуби животот во пожарот. Сара Пројковска беше самохрана мајка на две деца. Нејзиниот поранешен сопруг кој беше џез музичар и професор по труба, Александар Николовски почина во 2021 година.

Фото/ Инстаграм

 

 

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....