14:25 - 13 ноември, 2026

Скандал на новогодишниот концерт на Марија Шерифовиќ: „Поради кретенот го завршувам настапот порано“, пејачката ја напуштила бината

Марија Шерифовиќ реши предвреме да го заврши новогодишниот настап поради проблематичното однесување на лице од публиката.

Марија која 2023 година ќе ја памети по тоа што се исполни во улогата на мајка, доживеа голема непријатност на новогодишниот настап, поради што го откажа настапот.

Пејачката за најлудата ноќ се дружела со публиката во Зеница, а потоа решила предвреме да го заврши концертот поради лицето кое фрлало петарди. Марија се разгневила и им се обратила на насобраните на концертот, објаснила се, а потоа ја напуштила сцената.

„Драги, добри луѓе, поради кретенот, ќе ја завршиме оваа ситуација 15 минути порано. Сигурна сум дека некој кој е во близина на таа личност знае која е таа, па најдете ја и *бите ѝ вие матер после, ок? “, рече Марија.

Пејачката додаде дека „не може против себе“ и дека „ја работи својата работа како што треба“ и дека „не сака да се занимава со луди луѓе“.

„Тоа е сега помалку важно. Што сакам да кажам? Беше чест и задоволство да пејам овие час и 45 минути за вас. Долго не ми се случила ваква ситуација. Ќе се правам дека не се случила. Сигурна сум дека и вие не сте горди на тоа ама ајде да го оставиме тоа на страна“, рече пејачката, пренесува порталот Мондо.

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....