5.8 C
Скопје
03:29 - 1 април, 2026

Сите очекуваат AББА да се појави на Евровизија – еве што одговорија Бени и Бјорн

Бени Андерсон и Бјорн Улваеус ја отфрлија можноста за повторно обединување на членовите на ABBA на Евросонгот во нивната родна Шведска следната година, кога ќе биде одбележана 50-годишнината од победата на оваа популарна музичка група на ова натпреварување со песната „Ватерло“ (Waterloo).

Во интервјуто за британски BBC Newsnight , двајцата ја отфрлија можноста да се појават на сцената со колешките и поранешни партнерки Агнета Фалтскоф и Ани-Фрид Лингсад по повод споменатиот настан.

Швеѓанката Лорин победи на годинешната Евровизија во Ливерпул што значи дека нејзината земја ќе биде домаќин на натпреварувањето следната година.

„Не сакам и ако јас не сакам, тие нема да одат. Истото е за сите нас четворица – некој вели „не“, тоа е не“, рече Андерсон.

„Можеме да прославиме 50 години на ABBA без нас на сцената“, додаде Улваеус.

Основана во 1972 година, ABBA стекна армија обожаватели во светот по триумфот на Евросонгот во 1974 година и со своите вонвременски хитови како „Dancing Queen“ и „Fernando“

Четворката, којашто се разиде на почетокот од 1980-те, продаде околу 385 милиони плочи.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....