10.8 C
Скопје
23:42 - 3 април, 2026

Синот на Род Стјуарт итно хоспитализиран, паднал во несвест на фудбалски натпревар

Пејачот Род Стјуарт (77) откри дека неговиот најмлад син Ајден (11) завршил во болница по фудбалски натпревар на кој  учествувал, пишува Дејли мејл.

Пејачот изјави дека неговиот син оддеднаш помодрел и изгубил свест.

– Мислевме дека има срцев удар. Беше страшно, но на крајот беше дијагностициран напад на паника. Малиот сакаше да го импресионира својот татко. Друго момче исто така падна и удри со глава, тоа е прв пат да видам две амбулантни возила на фудбалски натпревар – изјави Стјуарт.

Британскиот рок пејач неодамна на своите следбеници на Инстаграм им потврди дека го загубил својот брат Боб.

Само два месеци откако почина неговиот друг брат Дон, пејачот потврди дека Боб починал во вторникот вечерта, на 89-годишна возраст.

– Со голема тага синоќа го загубив брат ми Боб, кој му се придружи на мојот брат Дон на големото фудбалско игралиште на небото. РИП Дон и Боб „незаменливи пријатели – напиша музичарот.

 

Слични објави

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо
Се вчитува....