6.6 C
Скопје
04:09 - 1 април, 2026

Синот на Марија Шерифовиќ веќе прави палавштини: Баба Верица го брани на свој начин

Марија Шерифовиќ целосно ужива во мајчинството, а неодамна сподели симпатичен момент со својот двегодишен син Марио, откривајќи дека тој веќе знае да направи и по некоја палавштина.

Пејачката објави фотографија на која лежи на кревет со синот, додека со едната рака држи слика од ѕидот која Марио ја бутнал.

Покрај објавата, Марија додаде и коментар – зборовите на нејзината мајка Верица, која со насмевка го заштитила внукот:

– Баба вели: „Здраво машко дете.“

Да потсетиме, Шерифовиќ неодамна му го честиташе роденденот на својот син, роден на 2 декември, со емотивна порака во која истакна колку тој ѝ го променил животот.

– Сине мој, моја најголема радост. Денес славиме заедно. Го славиме твојот мал живот и мојот втор роденден, откако сум избрана токму јас да бидам твоја мајка. Мое нежно, плаво момче, колку ни ги промени животите на сите. Колку нè учиш на сè, иако си толку мал. Ти благодарам што дојде токму кај мене, за повторно да ме научиш како се живее – напиша пејачката.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....