5.8 C
Скопје
05:28 - 1 април, 2026

Силвестер Сталоне сепак не се разведува: Џенифер е неверојатна жена и најдобрата личност што некогаш сум ја запознал

Неодамна се прошири веста дека Силвестер Сталоне се разведува со неговата сопруга Џенифер Флавин, со која бил заедно 25 години.

Деновиве се забележани на заедничка прошетка во Њујорк, а извор за PageSix рекол дека решиле да се соочат со проблемите и да ги надминат несогласувањата.

„Одлучија да се сретнат дома каде што разговараа и ги решија нивните разлики. И двајцата се исклучително среќни“, рекол изворот.

Како причина за нивниот развод беше наведен нивниот имот, поточно имотот кој Сталоне го криел од сопругата и премногу трошел, што резултирало со лоши финансии.

Кога се прошири веста за разводот, актерот зборуваше се најдобро за својата сопруга.

„Нашите патишта се разидоа. Многу ја ценам Џенифер и секогаш ќе ја сакам. Таа е неверојатна жена и најдобрата личност што некогаш сум ја запознал”, изјави актерот за TMZ и потврди дека причина за разводот не била тетоважата на неговиот ротвајлер со која ја покри тетоважата со лицето на Џенифер.

Друг извор близок до парот откри која би можела да биде вистинската причина за нивниот развод.

„Тие се многу различни, и по возраст и по темперамент. Она што некогаш им беше возбудливо и на што гледаа како предизвик стана рутинско и заморно. Тој ги правеше работите прилично импулсивно и често без консултација со Џенифер. Со текот на годините се акумулираа многу мали несогласувања. Таа не поднесе барање за развод поради една причина. Веќе со години имаа многу проблеми и едноставно и дојде преку глава“, рече изворот за странските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone)

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....