14:23 - 24 февруари, 2026

Прерано си замина Владимир Ендровски – Љац: Остана огромна празнина која ја исполнуваше со карактеристичниот излив на емоции

Замина глумецот Владимир Ендровски, ненадминливиот актер и препознатлив лик на театарската сцена и телевизискиот/филмски екран – единствениот Љац, веста ја пренесе МНТ. 

„На сцената на НУ РСМ МНТ и воопшто во театарот, телевизијата и филмот кај нас остана огромна празнина која Ендровски ја исполнуваше со својот карактеристичен излив на емоции, маестрално подготвени улоги, и умешноста и огромна експлозија на енергија која ја пренесуваше од сцената кон публиката.

Дипломира на Факултетот за драмски уметности, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Љубиша Геогиевски, во 1991 г. На сцената на МНТ официјално е од 1993 г., иако како актер се појавува во претстави и пред дипломирањето. На сцената на МНТ ги оживеа и ги направи незаборавни: Далавера змејот во „Рекламна бајка“ (1989), Дромио од Сиракуза во „Забуни“ (1989), Уплавот во „Мир“ (1993), Целе Бумба во „Женски прилог за ноќта“ (1993), Борис во „Буре барут (1994), Манилов во „Мртви души“ (1994), Јован Ангел во „Лепа Ангелина“ (1995), Спасе во „МКС“ (1995), Д-р Алојзие Зилбербрант во „Глембаеви“ (1996), Макрото во „Едмонд“ (1997), Младичот во „Маме му ебам кој прв почна“ (1997), Брајан во „Шопинг анд факинг“ (1998), Антоан во „Мисија“ (1998), Ботар во „Носорог“ (1999), Арнолд Кримп во „Бетмен враќањето на црниот витез“ (1999), Капетан Лебјаткин во „Демони“ (2001), Крадецот во „Павилјони“ (2001), Трајан во „Балканот не е мртов“ (2001), Ристе во „Ослободување на Скопје“ (2002), „Црна дупка“ (2003), Булдог во „Доле влада“ (2004), „Хамлет во транзиција“ (2004), Вадиус во „Една вечер со ..“ (2006), „Троил и Кресида“ (2010), Алексеј Кирилов во „Бесови“ (2011), како и во претставата „Подемот и падот на кабарето“ (2013).

 Остана да сведочат филмовите и сериите за неговиот талент, ѕвездата која ја носеше и разбирливоста и лесното пренесување на ликовите кои ги имаше во себе. Останаа ненадминливите и секогаш препознатливи ликови: Дино во серијата „Трст виа Скопје (1990) (за која ја има добиено и награда на ревијата „Екран“ за најдобро филмско актерско остварување), Трајче во „Пред дождот“ (1994), Доре во „Преку езерото“ (1997), Безимениот во „Збогум на 20-от век“ (1998), Андарт во „Прашина (2001), Стипе Прикачин во „Бал-кан-кан“ (2005), Затвореникот Варден во „Контакт“ (2005), Коки Лабуд во „Некои поинакви приказни, сегмент: Македонска приказна“ (2010) и многу други.

 За времето и датумот на погребот дополнително ќе биде објавено“, пишува во соопштението на МНТ.

Збогум, и догледање, Љац.

 

Слични објави

Лепа Брена со насолзени очи во филмот за Саша Поповиќ: „И кога ни беше најтешко, секогаш се договаравме да продолжиме“

Е.А.

Прва изјава на сопругата на Аца Амадеус откако музичарот ја обвини дека има проблем со пороците: „Проверете кој користи дрога“

Е.А.

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели неодоливо видео со синот Марио: „Што си ѝ ти на мама?“

Еспресо

Ѓина Џиновиќ ја напушти Србија поради ново момче, еве што сѐ прави во Барселона

Еспресо

(Видео) „Јас сум зафатен човек“: Луѓето не можат да поверуваат што објави Стјепан Хаусер, видеото шокираше многумина

Еспресо

Ќерката на Саша Поповиќ се расплака пред камера: „Беше најдобриот татко на светот“

Еспресо
Се вчитува....