10.8 C
Скопје
13:02 - 29 март, 2026

Си замина Димче Мешковски: Починал мирно во својата фотелја во домот на Флорида

„Си замина Мешко.1945 – 2023. Вечна слава! Комеморацијата ќе се одржи во салонот на Драмски театар на 28 март во 12ч.“, објавија од Драмскиот театар Скопје, театарот на чии даски целиот свој професионален живот го помина Димче Мешковски.

„Почивај во мир татко, гордост наша, вечно во нашите срца!’, напиша на својот Фејсбук профил неговата ќерка, познатата пливачка Наташа Мешковска.

Мешковски почина на 77 годишна возраст, а во последните години заедно со сопругата живееше на Флорида, САД, во близина на домот на неговата ќерка Јасна, која долго време живее на Флорида. Во последните неколку години често посетување лекарски контроли поради нарушеното здравје, а според зборови на пријатели во САД се чувствувал посигурно во здравствениот систем и негата која ја добивал.

Според водителката Сања Савевска, долгогодишна пријателка на семејството Мешковски, Мешко починал мирно во својата фотеља додека до него била сопругата Марица.

„Си заминал мирно како што отсекогаш сакал и негова желба била да не го носат веќе по лекари. Сега се слушнав со неговата ќерка Наташа која до пред три недели беше во Америка кај своите родители и кај сестра си. Во повеќе наврати сум рекла дека тој ми беше како втор татко, како дете одев на часови по глума кај него и останавме пријатели до самиот крај“ – изјави Сања за „Слободен печат“.

Мешко зад себе има над 6.000 одиграни претстави. Ќе останат запаметени неговите маестрални изведби во  ,,Солунски патрдии”, ,,Хихириху”, ,,Женски оркестар”, ,,Викенд на мртовци” и многу други.

 

Слични објави

Едита откри каде ќе се породи! Во шестиот месец е од бременоста, проговори и за породувањето и семејството

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Биковите наоѓаат мир во себе, Водолиите носат храбра одлука

Еспресо

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо
Се вчитува....