1.8 C
Скопје
21:52 - 18 декември, 2024

Што предвидува прочуениот астролог Павел Глоба (и други светски астролози) за Русија, САД, Кина и Украина во 2023 година: Нов неочекуван политички лидер во САД, скандал на Зеленски, Илон Маск ќе го поремети економскиот пазар, вируси од Кина и промена на границите…

Како и луѓето, секоја земја има свој хороскопски знак. Астролозите предвидоа што ги чека Кина, Русија, САД и Украина во новата 2023 година.

Русија – нема да има нуклеарна војна, но војната продолжува во цела 2023

Астролошки, Русија е под влијание на хороскопскиот знак Водолија. Што велат ѕвездите за Русија во новата година? Рускиот астролог Павел Глоба верува дека во 2023 година Русија ќе биде темелно зајакната. Нејзиниот престиж на меѓународната арена нема да биде доведен во прашање дури и меѓу непријателите. Причината за оваа промена е поврзана со промените и во земјата и во светот. Приоритетите во политиката и економијата ќе се променат, а на Русија ќе мора посериозно да се смета, истакнува Глоба.

Астрологот Михаил Левин предвидува дека следната година целокупната финансиска состојба ќе почне да се подобрува, а во втората половина од годината економијата во Русија ќе започне бавно закрепнување. Русија чека кардинални промени во економијата. Тие можат да се појават во форма на промена на односот на државата кон средните бизниси. Преструктуирањето на економијата ќе продолжи и во 2024 година. Русија чека зајакнување на централната власт, заострување на системот за управување и зајакнување на агенциите за спроведување на законот. До крајот на годината се очекува да се реструктуираат дури и системи како медицината и пензискиот фонд.

Најтешкиот период ќе биде зимата, а од пролет ќе стане многу полесно, но жешката фаза на конфликтот со Украина нема да заврши во 2023 година, а долгоочекуваниот мир ќе дојде во Украина дури кога САД ќе заминат од светската сцена.

Нема да има нуклеарна војна во 2023 година. Но, во однос на катастрофи и терористички напади, ќе има два тешки периоди: од 20 април до 5 мај и од 14 до 28 октомври.

Астрологот Марина Дагај верува дека 2023 година ќе биде обележана со големи промени. Русија ќе има нови сојузници, а тешките времиња ќе продолжат уште две и пол години. Но, веќе во февруари ќе почнат да се решаваат некои конфликти. Од 2023 до 2025 година, во светот се очекува моќен развој на нови технологии, ќе се појават нови големи реформатори и научници.

Според пресметките пак, на астрологот Светлана Драган, веќе кон крајот на март 2023 година светот ќе почне да доживува колосални промени. Што се однесува до Русија, таа смета дека до 2024 година ќе стане јасно дека земјата е целосно надвор од влијанието на западните држави. За Америка, астрологот предвидува клучни загуби, а за Русија – внатрешно преформатирање. Можеби структурата на владеењето на земјата ќе се промени, смета таа.

Во светски рамки предвидува и серија научни откритија во областа на трансформацијата на материјата, употребата на светлината, оптиката и енергијата.

Борба меѓу елитата и народот во САД, нов лидер на политичката сцена

Но, за САД не е сè толку розово. Оваа земја е под влијание на соѕвездието Близнаци. Почетокот на 2023 година, астролозите го поврзуваат со почетокот на врвот, во кој земјата постепено влегува. Уште во 2022 година, астрологот Стефан Стенуд го предвиде „враќањето на Плутон“ и поврзаните проблеми за земјата. Прво, Американците ќе мора да работат уште повеќе за да го одржат животниот стандард на кој се навикнати. За да се најде добро платена работа, ќе треба да се покаже уште поголема упорност и трудољубивост.

Астрологот истакна дека населениот е веќе уморно од демократското раководство на САД и дека расколот ќе расте. Се очекува и неочекувано појавување на бистар лидер во опозицијата. Ова ќе биде човек кој раскинал врски и влијанија со другите американски лидери. Неговото појавување ќе предизвика незадоволство кај демократите, кои ќе се обидат да ја вратат контролата врз земјата, но тоа нема да им донесе резултати. На крајот, главниот конфликт ќе биде борбата меѓу демократите и републиканците, додека вистинскиот конфликт одамна ескалира во конфронтација меѓу „елитите и народот на САД“. Никакви преговори нема да ги спасат, и нема да има кој да ги води: американските лидери изгубија контакт со сопствениот електорат. Ќе биде чудо ако конфронтацијата не прерасне во граѓанска војна, смета астрологот.

Американскиот астролог Џесика Адамс предвидува тешки времиња за економијата на земјата. Од март до јуни 2023 година, американската економија ќе биде потресена од криза како никогаш досега. Вистинската историска промена на Волстрит ќе се случи на 28, 29, 30 април и 1 мај. Вреди да се одбележи дека во нив директно ќе учествува најпознатиот милијардер на планетата, Илон Маск. Неговиот хороскоп, според Адамс, совршено се вклопува во синџирот на настани. Радикалната корекција на пазарите ќе влијае на економијата на целиот западен свет и ќе влијае на еврото. За да преживеат, обичните Американци ќе треба да се задоволат со малку, да научат како сами да произведуваат храна, да ги поправаат работите и да штедат на сè.

Павел Глоба предвидува дека во 2023 година американскиот претседател Џо Бајден ќе ја однесе Америка на дното. Земјата ќе започне брз пад. Виновниците за кризата ќе бидат неколку причини, главната е огромниот надворешен долг на државата. Дополнително, влијание ќе има и влошувањето на односите со Мексико и проблемите во економијата кои никој нема да ги реши. Нема да има колапс на државата. Но, можно е повторување на Големата депресија. Доларот ќе падне, што ќе доведе до пад на светските пазари. На земјата ѝ се заканува невработеност и штрајкови. Астрологот верува дека на Америка ќе ѝ требаат години да се опорави.

Дека Америка се соочува со сериозни шокови во 2023 година покажуваат и пресметките на астрологот од Белорусија, Татјана Калинина. Најверојатно, во земјата ќе започне економска криза – и ќе ги прекине односите со многу сојузници.

Дури и Украинецот Влад Рос верува дека САД ги очекуваат промени. Тој веќе предвиде дека до крајот на 2023 година, на моќта на Џо Бајден ќе дојде крајот: сите црни дела на претседателот ќе бидат откриени, неговата кариера ќе пропадне и САД ќе се соочат со голем скандал. Во исто време, постои ризик непредвидливо Бајден да покрене голема војна – само за да го оттргне вниманието на гласачите од себе.

Голема пресвртница во Украина

Интересен факт: многу астролози сè уште не можат да разберат под кој хороскопски знак се наоѓа Украина. Тоа се должи и на промената на границата и на неможноста да се утврди кога точно се појавила државата: во времето на Скитите? Во деветтиот век? За време на револуцијата? Во 1991 година? Сепак, многумина веруваат дека Украина е под знакот на Бик.

Популарниот американски астролошки ресурс „астролоџи вит хенди“ (astrologywithandy) предвидува серија сериозни економски и воени проблеми за Украина во 2023 и 2024 година. Виталната енергија на земјата ќе дојде до граница. И во 2024 година, се предвидува дека Украина ќе има „тотална промена“ и „остра пресвртница“. Се посочува дека за десет месеци во 2023 година, самата Украина ќе се турка на работ на бездната.

Сериозни шокови за земјата треба да се очекуваат на 30 април и 15 мај за време на затемнување на Месечината. Следниот критичен период ќе дојде во ноември. Авторите на страницата зборуваат за претседателот Зеленски како личност која ќе биде погодена во 2023 година, преку скандали, но и незадоволство на народот од него, сепак тоа нема да го промени сегашниот претседател на Украина: тој сепак ќе се слуша само себеси, цврсто ќе ја дрѓи фотелјата и ќе се обиде да доминира таму каде што е невозможно.

Астрологот Михаил Левин предвидува дека Киев го чека уште една тешка и деструктивна година: жестоките непријателства ќе продолжат, работите нема да одат добро на фронтот, а Европа нема да влезе во акутната фаза на војната со Русија. Врвот на опасноста од директен судир меѓу Русија и НАТО ќе биде во зима. Во март ќе започне економска криза во САД, земјата повеќе нема да биде во судир со Русија зашто ќе мора да се занимава со сопствените проблеми. Од 2035 година Америка целосно ќе ја напушти меѓународната сцена и нема да се врати до крајот на 21 век.

Павел Глоба смета дека процесите од 2022 година се само загревање пред посериозни шокови. Економијата на Украина во 2023 година ќе продолжи да паѓа, а кризата ќе расте. Вооружениот конфликт ќе продолжи. Во 2024 година Украина може да престане да постои, смета Глоба.

Кина – промена на границите

Кина е под влијание на Јарецот. Главната работа овде е секогаш ред, почитување на законот и трудољубивост.

Астрологот Елена Негреј пресметала дека веќе на почетокот на 2023 година Кина ќе почне да размислува за судбината на териториите на кои претендира. Елена верува дека станува збор за Тајван. Во исто време, ќе се зголеми можноста за народни немири во земјата. Очигледно, незадоволство ќе предизвика следната рунда од борбата против Ковид-19. Сепак, кинеското раководство ќе може да остане на власт. Астрологот предвидува нови финансиски можности за Кина во новата година, потпишување нови договори со соседите, а во некои работи Кина ќе се однесува доста агресивно. Земјата ќе може да најде нови извори на финансирање. Можеби Кина е таа што ќе го заземе местото на заминатите провајдери на Интернет во Русија или дури и ќе и понуди на Русија свој проект за социјална мрежа, заменувајќи го YouTube. Во принцип, во наредната година, азискиот змеј ќе ја покаже својата вистинска моќ, смета Елена.

Американскиот астролог Џесика Адамс верува дека почнувајќи од март 2023 година, промените ќе влијаат на односите меѓу Кина и Тибет: рамнотежата на силите наводно ќе се промени. Адамс претходно предвиде дека во 2023 година Хонг Конг ќе ѝ се врати на Британија. Можеби токму тоа се териториите за кои Кина ќе почне да се грижи? Меѓутоа, Американката ѝ предвидува на Кина не само загуба на Хонг Конг, туку и пад на комунистичкиот режим. Таа предвидува и заминување од функцијата на кинескиот лидер Си Џинпинг.

За промени на границата на Кина во 2023 година пишува и астрологот Дијана Зуева, но не прецизира со што се поврзува тоа. Но, астрологот Наталија Плотникова пресмета дека од 2023 година и Кина ќе стане отпадник во западниот свет. Причината за тоа ќе биде војната меѓу Кина и Тајван и употребата на нуклеарно или бактериолошко оружје. Војната ќе доведе до незадоволство во земјата и промена на власта, но ова е веќе поблиску до 2025 година. Ќе има и некакво уништување во Кина, но можеби тоа ќе биде резултат на природна катастрофа, а не на војна.

 

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо
Се вчитува....