7.8 C
Скопје
18:46 - 1 април, 2026

Што навистина се случува со Кејт Мидлтон: Фановите веруваат дека „исчезнувањето“ на принцезата се должи на хистеректомија

Во услови на бројни шпекулации и „теории на заговор“ за здравјето на Кејт Мидлтон, која не се појавува во јавноста од јануари поради операција на абдоменот, корисниците на социјлните мрежи  изјавија уште неколку сомнежи за мистериозното „исчезнување“ на принцезата од Велс.

На интернет активно кружат гласини дека Кејт Мидлтон се опоравува од операција, но тоа наводно не е поврзано со официјалната верзија – планирана операција на абдоменот. Туку дека Кејт се опоравува од хистеректомија (операција за целосно отстранување на матката).

Друга гласина пак вели дека Кејт била подложена на антирефлуксна операција – операција која овозможува доживотна анатомска и физиолошка заштита на хранопроводникот од штетното влијание на содржината на желудникот, истовремено спречувајќи ја појавата на тешки компликации. Според некои, до ваква операција дошло поради наводната булимија на принцезата која пак, довела до токсикоза на желудникот, односно на абдоменот.

Инстаграм

Вчера, претставниците на принцезата стапија во контакт со корисниците на социјалните мреж, објавувајќи официјален портрет на Кејт со своите деца во чест на Денот на мајката. Следниот ден медиумите и познатите новински агенции ја отстранија фотографијата на членовите на кралското семејство поради користење на фотошоп, а самата принцеза од Велс признала дека фотографијата била ретуширана и се извинила. Сепак, интересно е што претходно, кралското семејство речиси никогаш не беше обвинето за користење фотошоп, а оваа ситуација многуна изненади и покрена уште повеќе прашања, од кои главното: што навистина се случува со Кејт Мидлтон?

 

Слични објави

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо
Се вчитува....