23.8 C
Скопје
14:53 - 12 септември, 2026

Што ќе добие последната љубовница на Берлускони од огромното наследство: Од „симболичната свадба“ до „кратки ракави“

Нема ни 50 часа од смртта на поранешниот италијански премир и бизнисмен Силвио Берлускони, а вниманието и љубопитноста на цела земја е веќе насочено кон поделбата на неговото огромно богатство.

Берлускони остави огромен имот, проценет на речиси 7 милијарди евра, кои во овие часови се предмет на големи прашања. Сите се прашуваат како ќе се подели, кому што ќе оди, како на секој ќе се распределат парите и компаниите, и нпредвидливи промени можат да влијаат на распределбата на наследството без наводниот тестамент чија содржина сè уште е непозната.

Познато е дека децата на Берлускони, особено најстарите две кои му беа десна рака во бизнисот, ќе добијат најголем дел од наследството и лидерски позиции во главните компании, но сите се прашуваат дали нешто ѝ следува на неговата последна партнерка, која остана со него до смртта, 33 годишната Марта Фашина.

Марта Фашина беше последната придружничка на Берлускони, таа остана покрај него до крајот, но законски нивната врска не беше во таканаречен „граѓански сојуз“, односно немаа склучено граѓански брак. Всушност, двајцата организираа церемонија дефинирана како „симболична“ свадба прославена на 19 март 2022 година, што всушност не се смета за ништо пред судот. Значи, конкретно, што би ѝ следувало на Марта според законот?

На ова прашање одговара еминентниот италијански нотар Анџело Бусани, кои го пренесуваат италијанските медиуми.

На Марта ѝ следува законски „ништо, освен ако не изрази желба да го поништи нејзиното  „исклучување“. Сепак, мора да се запомни дека при смрт на лице, без брачен другар, кое зад себе остави мноштво деца, тие имаат право на две третини од имотот, дури и ако последните желби се спротивставени во оваа точка. Сепак, земам слобода да коментирам дека кога зборуваме за наследство како што е она на Берлускони, многу е тешко да се „надмине“ преостанатата третина која, сепак, не е очигледна и му припаѓа на партнерот. Всушност, доколку Марта Фашина би била именувана како дел од наследството во тестаментот, таа сепак ќе мора да се „помири“ со другите фигури на субјекти или физички лица наведени во тестаментот“, објаснува нотарот, најгласувајќи дека децата имаат предност и дека таа би добила нешто од наследството само доколку се спомнува лично таа во тестаментот на Берлускони.

Според пресметките објавени во последниве неколку часа во италијанските медиуми, најмногу што би можела да добие Марта од огромното наследство на нејзиниот партнер е една или две вили и 100 милиони кеш.

инстаграм

Следејќи ја практиката на италијанските закони во вакви случаи, 61% од компанијата Фининвест би можеле да бидат подеднакво распределени на петте деца на Силвио Берлускони, кои би добиле околу 12%. Во моментов, сепак, не се знае дали Берлускони оставилтестамент пред да почине и дали самиот решил да остави најголем дел од компанијата , односно од наследството, во рацете на Марина и Пјер Силвио (најстарите деца). Оттука и главното прашање за кое најмногу се шпекулира – кое од децата ќе биде негов наследник во различните компании што ги држеше.

„Според практиката, капиталот на Фининвест им припаѓа на двете генерации на Витезот, со исклучок на неговите сопруги и придружници“, велат познатите италијански адвокати.

 

 

 

Слични објави

Теодора Џехверовиќ купи луксузен стан од 400.000 евра, па ѝ го изнајми на колешка: „Се договоревме за пет минути“

Е.А.

(Фото) Љупка Митрова разменува бакнежи со сопругот на Малдиви: „Си го сликам телото затоа што си го сакам“

Еспресо

(Фото) Николија шокираше со својот изглед – позираше со кратка црна коса и доколенки

Еспресо

(Фото) Ленче Кукиќ како невеста плени со убавината, а Горан со стајлингот потсетува на Елвис Присли

Еспресо

Шокантен потег на Душко Тошиќ! Ѝ пееше на Карлеуша, а сега ја изостави од сите фотографии на Инстаграм

Еспресо

(Фото) „Таа секогаш ќе биде моето прво дете“: Елена Ристеска за посебната врска со внуката Делфина

Еспресо
Се вчитува....