02:11 - 5 април, 2026

Што да (не)правите на денот на св. мч-ци Тирс, Левкиј и Калиник и св. мч. Филимон: Не започнувајте нов бизнис, нема да донесе никаква корист

Православните христијани денес се сеќаваат на св. мч-ци Тирс, Левкиј и Калиник, но и на св. мч. Филимон. Народот овој ден го викал Филимонов ден.

Нашите предци тврдеа дека нечистотијата привлекува неволја. Затоа, луѓето на денешен ден ги ставаа работите во ред во својата куќа. Облекуваа и чиста облека и обувки за да не ја исплашат среќата, според народните верувања.

На овој ден не треба да започнувате нов бизнис или да стекнувате нови работи. Во народот се веруваше дека тие нема да донесат никаква корист.

Луѓето се обидуваа да не пијат алкохол на Филимоновиот ден. Се верувало дека пијан човек е ранлив на зли духови кои можат да го заземат неговиот ум. И тогаш проблемите нема да се избегнат.

Нашите предци веруваа дека не треба да се отпатува далеку од дома, зашто неволји ги чекаат оние што поинаку ќе направат. Ако не е можно да се презакаже патувањето, тогаш пред да заминете на пат треба да се „смири судбината“. На пример, да направите несебично дело: да нахраните бездомно маче/куче или да оставите пари на некој на кој му се најпотребни.

А пред спиење задолжително измијте се и истуширајте се, советуваа нашите прапра-пра баби. Водата ќе помогне да се измие сета негативна енергија. Во спротивно, нема да можете брзо да заспиете. Нечистите навечер ќе ги мачат кошмари.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....