23:51 - 22 февруари, 2026

Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

Како и секој претходен и иден петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.

Maid – Серија на „Netflix“

Алекс почнува да се занимава со чистење по домови во обид да врзе крај со крај. Обидувајќи се да избега од токсичната и експлозивна врска што ја има со таткото на нејзината ќерка, Меди, самохраната мајка прави сè за да ги надмине проблемите и да создаде подобар живот за нејзината ќерка.

Жанр: драма / IMDB оценка: 8.6 / Rotten tomatoes рејтинг: 96%

Scenes From a Marriage – Серија на „HBO“

Оваа драма која го преиспитува иконскиот приказ на љубовта, омразата, желбата, моногамијата, бракот и разводот преку објективот на еден современ американски пар. Оваа адаптација на мини-серијата на Ингар Бергман од 1973 година, ќе ве растажи, охрабри и воодушеви…

Жанр: драма / IMDB оценка: 7.9 / Rotten tomatoes рејтинг: 84%

The Lobster – Филм на „Netflix“

Откако неговата сопруга го напушта, Дејвид оди во хотел каде што треба да најде партнер за 45 дена, во спротивно ќе биде претворен во животно по негов вкус.

Жанр: романтична драма / IMDB оценка: 7.2 / Rotten tomatoes рејтинг: 87%

Happily – Филм на „HBO“

По 14 години брак, Том и Џенет се уште не можат да ги тргнат рацете еден од друг. Кога ќе откријат дека нивните пријатели се огорчени од нивните постојани јавни покажувања на љубов, двојката почнува да ја доведува во прашање лојалноста на сите околу нив. Потоа, посетата на мистериозен странец ги втурнува во егзистенцијална криза…

Жанр: трилер / IMDB оценка: 5.3 / Rotten tomatoes рејтинг: 69%

Слични објави

Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ се омажи во тајност: „Ме чекаше 15 години, но вредеше“

Еспресо

„Ќе му ги скршам двете нозе“: Десингерица шокираше со изјавата среде шоуто „Ѕвездите на Пинк“

Еспресо

(Фото) Далеку од очите на јавноста: Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ заминаа од Србија, еве каде уживаат

Еспресо

Здравко Чолиќ поминал два часа во полиција, еве што раскажал за бомбашкиот напад врз неговиот дом

Еспресо

(Фото) Синот на Кеба заљубен „до уши“, новата девојка јавно му призна љубов на Игор Којиќ

Еспресо

Хороскоп за 22 феврури: Вагите ги очекува убав љубовен ден, Водолиите ќе имаат многу обврски

Еспресо
Се вчитува....