16:28 - 5 декември, 2025

Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

Како и секој претходен и иден петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.

„Biohackers“ – Серија на „Netflix“

Студентката по медицина Миа влегува во врвен германски Универзитет со тајна мисија да открие заговор што ја поврзува трагедијата во нејзиното семејство со една професорка по биологија. Откривајќи го новиот фасцинантен свет на биотехнологијата, Миа се вклучува во светот на нелегални генетски експерименти.

Жанр: драма / IMDB оценка: 6.8 / Rotten tomatoes рејтинг: 100%

„The Stanford Prison Experiment“ – Филм на „Netflix“

Во 1971 година, професорот од Стенфорд, Филип Зимбардо спроведува контроверзен експеримент за да ја испита хипотезата дека улогите во социјални ситуации, а не индивидуалните карактеристики на личноста, го диктираат однесувањето на човекот. Во експериментот по психологија, професорот одбира 24 студенти кои ќе преземат случајно доделени улоги и ќе се преправаат дека се затвореници или чувари во импровизиран затвор, сместен во подрумот на зградата на универзитетот за психологија на Стенфорд. Но, целиот експеримент наскоро излегува од контрола и е прекинат по само шест дена…

Жанр: драма/трилер / IMDB оценка: 6.9 / Rotten tomatoes рејтинг: 84%

„Mrs Fletcher“ – Серија на „HBO“

Една разведена жена го започнува својот љубовен живот откивајќи нова секси страна од самата себеси и открива дека нејзиниот свет е полн со неочекувани и понекогаш комплицирани еротски можности.

Жанр: комедија / IMDB оценка: 7.1 / Rotten tomatoes рејтинг: 82%

„Ad Astra“ – Филм на „HBO“

Астронаутот Рој МекБрајд презема опасна мисија низ Сончевиот систем за да ја открие вистината за неговиот исчезнат татко и неговата експедиција која сега, 30 години подоцна, е вистинска закана за универзумот.

Жанр: научна фантастика/трилер / IMDB оценка: 6.5 / Rotten tomatoes рејтинг: 83%

Слични објави

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо
Се вчитува....