5.8 C
Скопје
00:21 - 1 април, 2026

ШОН ПЕН СЕ ВРАТИ ВО ПОЛСКА:„Кога Украинците ќе победат во оваа војна, ќе учествувам на големата забава!“

Шон Пен е познат не само по својот извонреден талент, туку и по неговиот прекрасен карактер и темперамент. Во февруари тој беше во Украина за да ја документира хуманитарната криза и да ги раскаже страдањата на луѓето кои бегаат од руските бомби. Подоцна, заедно со илјадници бегалци, тој побегна во Полска пешачејќи ги последните неколку километри до граничниот премин Медика.

Пен повторно се врати во Полска, во градот Жешов, за да им помогне на жртвите од војната заедно со градските власти и неговата добротворна фондација Core (Community Otrganized Relief Fort).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sean Penn (@seanpenn)

За време на прес-конференцијата на која го потпиша договорот за соработка на непрофитната фондација за давање основна помош за оние кои престојуваат во Полска, Шон Пен рече:

„Во Core работиме за помош при природни и други катастрофи низ целиот свет. Би сакал да кажам дека под никакви околности не сме виделе нација што е домаќин на бегалци да нуди толку многу отворени врати за овие луѓе и на владино и на семејно и на индивидуално ниво. Тие ја заслужуваат оваа посветеност, но не секогаш успеваат да ја добијат вистинската помош. Во оваа земја има голема љубов и ова е извор на инспирација за сите нас, само нè тера да сакаме да зацврстиме уште посилни врски со градоначалникот и градот Жешов, кој е во првите редови на пречекот на бегалците, во Полска“.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....