08:48 - 3 април, 2026

Шерон Стоун открива кој е продуцентот: „Ми рече ако имаме секс, ќе го спасиме филмот“

Актерката Шерон Стоун го откри идентитетот на продуцентот кој ја принудил да има секс со колегата за да им ја подобри хемијата на филмското платно, пишува Дејли меил.

Актерката пред три години веќе ја опиша ситуацијата во своите мемоари, но сега откри дека се работи за продуцентот Роберт Еванс.

За да изгледаат поверодостојно во филмот „Силвер“ од 1993 година, Еванс ја принудил Шерон да спие со Били, братот на Алек Болдвин.

Еванс, кој почина во 2019 година, ги продуцираше и „Чајнатаун“ и „Котон клаб“ и ја водеше продукцијата во Парамаунт на „Кум“, „Италијан џоб“, и „ГОлемиот Гетсби“.

– Ме повика во неговата канцеларија. Трчаше низ неговата канцеларија носејќи очила за сонце и ми објаснуваше дека спиел со Ава Гарднер и дека треба да спијам со Били Болдвин бидејќи ако спијам со него, ќе биде подобро. А требаше да бидеме подобри во филмот… Ако имав секс со него, тоа ќе го спасеше филмот…“ – опиша актерката која го предложила Мајкл Даглас за истата улога.

-Не морав да спијам со Мајкл Даглас. Мајкл можеше да дојде на работа, да добие инструкции, да ги извежба и да ги изведе – додаде таа.

Слични објави

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.
Се вчитува....