7.8 C
Скопје
23:30 - 1 април, 2026

Шер се смири со својот 40 години помлад љубовник, „уловени“ заедно и среќни: „Љубовта не познава математика“

Пејачката Шер била фотографирана на состанок со продуцентот Александар Едвардс, а фотографиите од парот ги објави Дејли Мејл.

Шер (77) и Александар Едвардс (37) биле забележани на вечера во ресторанот „Funke“ во Беверли Хилс. Пејачката за оваа прилика носела црни панталони, додека Едвард бил облечен во кожени панталони и кожена јакна. Шер и Едвард се држеле за рака. На парот им се придружиле и нивните пријатели, меѓу кои и поранешниот партнер на моделката Кајли Џенер, раперот Тајга.

Во мај 2023 година, се дозна дека Шер и Александар Едвардс раскинале по неколку месеци романтична врска. Во исто време, упатените ги демантираа информациите дека пејачката и продуцентот се вериле.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Шер и Александар Едвардс се во врска од септември 2022 година. Во декември, пејачката навести веридба со продуцентот. Сепак, малку подоцна, во таблоидите се појави веста дека Шер не добила предлог за брак, а прстенот, кој побрза да го покаже на социјалните мрежи, бил само „подарок“.

Како одговор на критиките за толку големата разлика во годините, 77 годишната Шер рече дека „љубовта не познава математика“.

„Јас нè бранам нас. Хејтерите ќе мразат… Не е важно затоа што сме среќни и никому не му пречиме. И не грижете се, јас сум заљубена, но тоа не ме заслепува“, напиша своевремено пејачката на социјалните мрежи.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....