2.8 C
Скопје
03:40 - 26 март, 2026

(Фото) Шенон Доерти се разведува, на Инстаграм објави кој заслужува да биде во нејзиниот живот

Познатата актерка од серијата „Beverly Hills 90210“, Шенон Доерти која се бори со злокобната болест – рак на дојка, поднела барање за развод од Курт Исвариенкo.

Таа претходно на социјалните мрежи објави порака за љубовта и почитта, како да навестуваше дека наскоро ќе се објави и веста за нејзиниот развод.

„Единствените луѓе кои заслужуваат да бидат во твојот живот се оние кои кон тебе се однесуваат со љубов, љубезност и целосна почит“.

Всушност, Доерти барањето за развод го предала во петокот по 11 години брак, а истото го потврдила нејзината претставничка Лесли Слоун за „USA Today“.

„Разводот е последното нешто што Шенон го сакаше. За жал, чувствуваше дека нема други опции. Можете да се обратите кај агентката на Курт, Колиер Грим, бидејќи таа е интимно вмешана во тоа“, рекла Слоун накратко и со тоа сугерирала дека причината за разводот е друга жена.

 

 

Слични објави

(Фото) Парите само си течат: Откриено од што заработува 10 години постарото момче на Уна Чолиќ

Еспресо

„Денес се големи ѕвезди а живеат од мои песни“: Ша „удри“ по колегите

Е.А.

Вистинската приказна зад филмот „Грешници“ – еден од главните ликови навистина постоел, а неговиот живот и смртта и денес се мистерија

Еспресо

Мина Наумовиќ не се враќа во „Амиџи шоу“: Откриено зошто не сака да соработува со сопругот

Е.А.

(Видео) „За нашиот Маринко“: Огњен Амиџиќ ја исполни големата желба со нова песна – се слуша и гласот на Маџгаљ

Еспресо

Како настанала песната „Загрли ме“ на Здравко Чолиќ? Се појави снимка со Арсен Дедиќ од пред половина век

Еспресо
Се вчитува....