11:03 - 13 ноември, 2026

Шарлиз Терон имала само 15 години кога мајка ѝ во самоодбрана го убила татко ѝ пред нејзините очи

Оскаровката Шарлиз Терон имала само 15 години кога ѝ се случило најужасното нешто во животот – нејзината мајка Герда во самоодбрана го убила татко ѝ Чарлс. Таа јавно зборуваше за оваа траума за да ја подигне свеста за семејното насилство и да им помогне на другите преживеани да не се чувствуваат осамено.

Нејзиниот татко, кој бил алкохоличар, а една страотна ноќ на 21 јуни 1991 година се вратил дома во тешко алкохолизирана состојба, им се заканил дека ќе ги убие Шарлиз и нејзината мајка и почнал да пука кон заклучената спална соба во која се криеле. Нејзината мајка го земала својот пиштол и го застрелала. Против неа не била покрената кривична постапка, бидејќи надлежните органи утврдиле дека дејствувала во нужна одбрана. Инцидентот се случил во нивниот дом во Јужна Африка.

„Татко ми беше толку пијан што едвај одеше и влезе дома со пиштол. Мајка ми и јас се потпревме на вратата на спалната соба за да го спречиме да влезе. А потоа тој трипати пукаше низ вратата. Ниту еден куршум, за среќа, не нè погоди, што беше чудо. Го уби во самоодбрана за да нè спаси“, раскажа Шарлиз.

Глумицата објасни зошто против нејзината мајка никогаш не било подигнато обвинение и додала дека не се срами да зборува за страшниот настан.

„Не се срамам да зборувам за тоа бидејќи мислам дека што повеќе зборуваме за такви работи, повеќе сфаќаме дека во тоа не сме сами. Мојата приказна е приказна за раснењето со зависник и за она што зависноста му го прави на човекот. Но тоа, за жал, се случува кога проблемите не се решаваат во коренот“, заклучила Терон.

 

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо
Се вчитува....