5.8 C
Скопје
07:10 - 1 април, 2026

Шакира остана во Лондон во „домот“ на Хамилтон: Децата се кај Пике, Гран при-то заврши, но пејачката не се врати во Мајами

Шакира продолжува да ги полни таблоидите, но во последните неколку недели, голем дел од фокусот беше на тоа дали таа  е во врска со Формула 1 возачот Луис Хамилтон.

Минатата недела беше напорна за Шакира, која ја започна на модната недела во Париз и ја заврши на патеката Силверстоун гледајќи го Хамилтон на подиумот.

Колумбијката направи скок од Париз до Лондон, по попатната посета на Барселона каде што ги остави синовите Саша и Милан со нивниот татко Жерар Пике.

Присуството на Шакира на Британското ГП повторно ги разгоре гласините за романса меѓу возачот на Формула 1 и пејачката, но до овој момент ниту еден од двајцата не ја потврдува евентуалната романса, но не ја ни негираат.

Во неколку наврати се видени заедно, а ова е втор пат да присуствува на Гран при, бидејќи присуствуваше и на Шпанското ГП во Формула 1, повторно во близина на Хамилтон.

Според најновите информации на британските медиуми, иако Формула 1 трката одамна заврши, , Шакира не се вратила во Мајами и се уште е во „домот“ на Хамилтон, односно во Лондон. Причината, како што се оправдува таа, е нејзината соработка со Дејвид Стјуарт, британски продуцент со кој Шакира подготвува нова музика.

Но според многумина, и самиот избран соработник и тајминг за снимање песни се само уште една причина за пејачката да остане што подолго во Лондон, а на овој начин има и добар мотив.

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....