10:16 - 3 април, 2026

Шакира доби поддршка од сопругата на Меси за новата песна во најава: И Антонела е дел од „тимот на Шакира“

Долги години, различни медиуми во Шпанија пишуваа дека Шакира никогаш не се согласувала добро со пријателите на Пике, а тоа се должело на нејзиниот вроден карактер да с еоднесува како шефица.

Поточно, се тврди дека колумбиската пејачка немала баш најдобри односи ни со сопругата на Лионел Меси, Антонела Рокуцо.

Но, се чини дека сето ова радикално се промени, барем што се однесува до односот на Шакира со Антонела, откако Пике и Шакира се разделија.

Откако сопругата на Меси ја поддржа новогодишната порака на Колумбијката за неверството на Пике, па дури и позитивно реагираше на контроверзниот „Music Sessions 353“ со Бизарап, Аргентинката сега уште еднаш го повтори својот став за разделбата на пејачката и поранешниот фудбалер.

А тоа го направи со нов гест на поддршка на социјалните мрежи, поконкретно на Инстаграм.

Антонела брзо коментираше со неколку емотикони со оган за најавата на најновата песна на Шакира и Карол Џи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KAROL G (@karolg)

Гореспоменатата двојка го најави новиот одмазнички хит насловен „TQG“ („Te quede grande“ [Бев премногу за тебе]), песна која се чини дека е предодредена да биде директна порака до нивните поранешни партнери (Жерард Пике и Ануел А.А.) .

Обожавателите, вклучително и Антонела, едвај чекаат да ја слушнат песната и, можеби уште поважно, да го слушнат текстот кој сигурно ќе обезбеди многу точки за дискусија.

Сите овие покажувања на поддршка укажуваат на тоа дека, иако Антонела и Шакира никогаш не биле блиски пријателки, нивната врска може секогаш да биде подобра отколку што се мислело. Раскинувањето на пејачката со Пике можеби инспирирало сочувство и солидарност кај сопругата на Меси бидејќи таа е очигледно дел од „тимот на Шакира“ сега.

Слични објави

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј во невидено издание

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо
Се вчитува....