7.8 C
Скопје
22:38 - 31 март, 2026

Шакира денес ја врати куклата со вештерка за да испрати порака до родителите на Пике: Што е пак, овојпат?

Иако Шакира моментално минува низ бучно раскинување со Жерар Пике, таа се уште живее со нивните деца во семејната куќа која се наоѓа веднаш до имотот на родителите на поранешниот фудбалер.

Ова доведе до различни конфликти во текот на изминатите неколку недели и месеци, од кои еден вклучува поставување на кукла- вештерка на балконот на Шакира, но свртена кон куќата на родителите на Пике.

Упатените велат дека куклата вештерка првпат била поставен на еден од балконите на Шакира во ноември.

Ова многу ја изнервирало Монсерат Бернабеу, мајката на Пике, која инсистирала да се отстрани куклата за да не се прави шоу во јавност.

На крајот беше така, Шакира ја отстрани куклата. Но очигледно само привремено. Денес повторно се појави куклата-вештерка, со црна наметка која се вее на ветрот и со прстите вперени кон куќата на родителите на Пике.

Ова не беше единствениот конфликт меѓу соседите. Друг се однесуваше на фактот дека познатата песна на пејачката „BZRP Music Sessions #53“ гласно се пушташе во сомот на Шакира, толку многу што нејзините свекор и сверва не само што можеа да ја слушнат песната туку од неа не можеле ни да спијат со денови.

Шакира, исто така, постави ограда меѓу имотите, блокирајќи ги патчињата кои претходно биле слободни и отворени.

Сагата Шакира против Монсерат Бернабеу, исто така, дожовеа и видео од 2012 година кое стана повторно вирално, во кое Колумбијката го критикуваше стилскиот совет на нејзината свекрва, откако таа ѝ предложи на Шакира да ја скрати косата.

„Свекрво, никогаш повеќе нема да ги слушам твоите стилски совети!“ – наведе Шакира во тоа видео.
Добрата вест за родителите на Пике е дека Шакира наскоро ќе се пресели во САД. Се верува дека тоа ќе се случи уште на почетокот на април.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....