3.8 C
Скопје
01:18 - 14 март, 2026

„Северина „свира к*рцу“, да ми простите“ : Се огласи авторот на песната со која Севереина наводно сакала да ги испровоцира Србите

Србите уште еднаш беа испровоцирани од Северина, која за време на новогодишниот концерт во Котор ја отпеа песната „Иванова корита“ и на крајот извика: „Не ја давајте Црна Гора!“

По новиот скандал, Љубица, ќерката на покојната Мерима Његомир, преку социјалните мрежи се огласи и ѝ порача на Северина дека не пеела никаква црногорска песна, туку големиот хит на нејзината мајка напишан од Србин.

Курир.рс го контактираше авторот на песната Милутин Поповиќ Захар, кој преку изјава фрли „дрва и камења“ по хрватската пејачка и нејзините наводни провокации.

„Како прво, песната е универзална, а како второ, мојот татко е од Висојевич, а мајка ми е од Лозница. Јас сум Србин и не ги одвојувам Црногорците од Србите. Кој ги одвојува, нека им е на чест. Секој има право на свое мислење“, рече Захар и продолжи:

„Иванова корита не е црногорска песна. Северина „свира к*рцу“, да ми простите. Се е исполитизирано па така и нешто што е убаво. Не треба да се обрнува внимание на тоа. Таа песна е родена кога е бомбардирана ТВ Белград. Тогаш вујко ми Јакша се разболе од рак на панкреасот. Живееше во Белград и јас отидов да го видам, а тој веќе полека се гасеше. И бидејќи беше по потекло од Црна Гора, ми рече: „Те молам, внуче, донесе ми вода од Ивановите корита кај Цетиње, ми се чини дека ќе се соземам од неа. Неговата сопруга го слушна тоа и ми рече: „Налеј му вода од кој било извор и донеси.“ Така направив – изјави Захар.

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....