7.8 C
Скопје
00:41 - 4 октомври, 2026

Сергеј Трифуновиќ ја збуни јавноста: Дали со 24 години помладата сопруга Исидора очекува бебе?

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ (53) повторно е во центарот на вниманието, откако на својот Инстаграм профил објави фотографија од ултразвук – без никакво објаснување.

Во коментарите веднаш се појавија бројни честитки од следбениците: „Честитки, и ние имаме иста слика од ултразвукот“, „Честитки за идните родители“, „Прекрасно!“ – пишуваа фановите, убедени дека актерот и неговата сопруга Исидора очекуваат прво дете.

Меѓутоа, Трифуновиќ за порталот „Нет.хр“ кусо изјавил: „Ви благодарам многу за честитките, но ова нема да го коментирам“.

Фото: Инстаграм/Сергеј Трифуновиќ

Сергеј минатата година стапи во брак со Исидора, која е 24 години помлада од него. Нивната врска од самиот почеток привлекуваше големо внимание во јавноста, особено поради големата разлика во години. Сепак, двајцата никогаш не криеле колку се заљубени.

Актерот дури еднаш изјави дека уште на вториот состанок знаел оти Исидора ќе биде мајка на неговите деца. Парот неодамна јавно зборуваше и за проширување на семејството, а Трифуновиќ тогаш во шега рече дека „работат на принова“.

Откако нивната врска стана јавна, двајцата беа дел и од неколку скандали. Минатиот октомври, српските медиуми објавија дека Трифуновиќ ја пријавил сопругата за семејно насилство, тврдејќи дека му се заканувала и дека ќе „сѐ уништи во станот“. Сепак, обвинителството утврдило дека нема елементи на кривично дело, а никој од нив не бил повреден.

И покрај тоа, Сергеј и Исидора продолжија заедно и често на социјалните мрежи покажуваат дека уживаат во својот брак.

Слични објави

(Фото) Српски таблоид ја „погреба“ Биља Крстиќ, таа потресена се огласи: „Жива сум, срам да ви е!“

Еспресо

Игор Којиќ се жени за згодната Хрватка – во тајност се спрема голема прослава

Еспресо

(Фото) Прооде ќерката на Александра Пријовиќ: Малата Арија храбро чекори, гордата баба сподели фотографии од дома

Еспресо

Пак ли ова ќе ни биде последено: Камиказа реагираше на коментарите пред концертот на „Меморија“

Еспресо

На денешен ден нè напушти Љупка Димитровска — за само два месеца ги загубила сопругот, сестрата и мајката

apostolova

Марина Петровска, велнес-советничка и менторка: Зошто го комплицираме она што може да биде едноставно?

Еспресо
Се вчитува....