7.8 C
Скопје
10:01 - 1 април, 2026

Сем Асгари веќе одлучи што ќе прави по разводот со Бритни Спирс

Фитнес инструкторот од Иран Сем Асгари, попознат како (сега веќе поранешен) сопруг на американската поп пејачка Бритни Спирс, кој на 16 август поднесе барање за развод по 14 месеци брак и шест години живот под ист покрив, веќе знае што ќе прави кога ќе се решат процедурите за промена на семејниот статус. Како што пишува ТМЗ, повикувајќи се на свои информирани извори, тој е фокусиран на започнување актерска кариера.

29-годишниот Асгари не планира да се врати на работа во салата Royal Personal Training, каде што беше тренер. Како член на SAG-AFTRA (комбинираниот синдикат на еснафот на филмски актери на Америка (SAG) и Американската федерација на телевизиски и радио актери (AFTRA)), тој сака да почне со снимање филмови кога ќе заврши штрајкот на филмските работици во Холивуд.

„Според ТМЗ, освен за глума, тој е заинтересиран и за организирање концерти. Пред штрајкот, тој не бил ангажиран во ниту еден проект, а очигледно нема ништо во фаза на работа, бидејќи Холивуд е сè уште затворен, но токму за тоа активно размислува“ – изјавија извори за новинарите.

Асгари исто така има намера да посвети повеќе време на семејството, особено по сообраќајната несреќа во која се најде неговата мајка. Пред неколку недели мајка му била отпуштена од болница, и за понатамошна нега ѝ е потребна помош од најблиските.

Во меѓувреме, дискусиите за разводот на Спирс и Асгари не стивнуваат. Според извори блиски до парот причината за разводот е во тоа што, „Бритни сакала бајка, но не ја добила“. Пејачката чувствувала дека љубовта на нејзиниот сопруг кон неа не е искрена. Сега е разочарана, бидејќи не добила доволно внимание од сопругот.

“Тој не беше некој кој секогаш беше до неа. Доволно е да прашате: “Каде беше тој кога Бритни ги снимаше сите нејзини видеа на Инстаграм?” тој само станал и си заминал”, велат пријателите на пејачката.

Претходно, американските медиуми објавија дека Бритни плаќа 10.000 долари месечно за да изнајми луксузен апартман за Сем, кој според поранешните клиенти на тренерот, отворено ја исмејувал во разговорите со пријателите.

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....