5.8 C
Скопје
09:17 - 21 февруари, 2026

„Сега плачам“: Колегата на Брус Вилис раскажа како поминала нивната последна средба

Актерот Деворо Вајт, кој глумеше заедно со Брус Вилис во култниот акционен филм „Умри машки“ од 1988 година, зборуваше за неговата последна средба со Брус.

Деворо Вајт глумеше возач на лимузина по име Аргил во акциониот филм. Брус и Деворо повторно снимаа заедно, но овојпат реклама во 2020 година за Advance Auto Parts во која се промовираат батериите за автомобили DieHard, гушкајќи се и смеејќи се заедно исто како во старите времиња.

Нивното повторно дружење дојде две години пред семејството на Брус да објави дека тој се откажува од својата филмска кариера откако му беше дијагностицирана афазија.

Зборувајќи за нивната долгоочекувана средба, Деворо рече: „Значи, стојам на сетот и разговарам со костимографот и некој ме удира по рамо и ми вели: „Аргил?“ Се свртев и тоа беше Брус.

Актерот се присети дека си разменувале шеги, а потоа почнале да се смеат.

„Се прегрнавме и тоа беше тоа. Повторната средба беше неверојатна. О, тоа беше неверојатно”, изјави Вајт за „Дејли Меил“ и додаде дека денес се труди да биде во тек со вестите за пријателот.

Вели дека токму Брус Вилис бил оној поради кој ја започнал својата кариера, па затоа има „сочувство и почит“ кон него.

Деворо Вајт, Варајети

На прашањето што би му рекол на Брус кога би можел да разговара со него сега, Деворо истакна: „Би рекол дека не само што си чесна личност, туку си и личност која одигра важна улога во мојот живот, а јас навистина го ценам тоа и сум ти благодарен. Ми беше чест што те запознав и што работев со тебе… и сега плачам“.

Филмот „Умри машки“ сè уште е еден од најпопуларните филмови за гледање, особено за Божиќ. И иако неговиот буџет изнесуваше само 25 милиони долари, добивката изнесуваше повеќе од 150 милиони. Актерите импровизираа и се забавуваа за време на снимањето.

Самиот Деворо подоцна рече дека не може ни да замисли колку популарен ќе стане акциониот филм на Џон МекТирнан.

Да потсетиме дека Брус Вилис моментално го чува неговата 48-годишна сопруга Ема Хеминг, со која има две помали ќерки Мејбел (11) и Евелин (9).

Тој има и три возрасни ќерки – Румер (35), Скаут (32) и Талула (29) со неговата поранешна сопруга Деми Мур, која и понатаму е во пријателски односи и со него и со Ема.

Слични објави

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо
Се вчитува....