6.9 C
Скопје
04:12 - 1 април, 2026

Седум години твоето име е молитва: Андријана Јаневска е неутешна

Андријана Јаневска сподели тажна објава на нејзиниот Фејсбук профил, за многу важна и драга личност. Пејачката и виолинистка, која важи за ведра и весела, ги разнежи и ги растажи своите следбеници.

Таа се сети на нејзината мајка кога ненадејно почина во 2018 година. „Седум години, мајко, твоето име е моја молитва“, напиша таа на Фејсбук и сподели стари фотографии од неа со мајка ѝ. На крајот од 2020 година, Андријана ѝ посвети песна на мајка си.

Фото / Фејсбук

-Песната ЛЕТАЈ е посветена на мојата мајка Нада, која за жал физички не е повеќе до мене, но секојдневно е присутна во мојот живот. Оваа година беше тешка за сите, но најтешко им беше на оние кои останаа без своите најмили. Тие се нашите бели птици, сакани од овде до вечноста-  напиша Андријана на Фејбук во времето на ковид пандемијата,

-Ние, ниту не се збогувавме. Мајка ми почина ненадејно, од мозочен удар, на 62 години. Беше тоа удар за целото семејство- рече Андријана во една прилика.

„Веќе петто лето, петта зима, Сонцето, мајко, изгрева и заоѓа, секое изгрејсонце ликот твој го има,
во секоја сончевина, тебе те пронаоѓам. На мајка ми Нада“, напиша Андријана пред две години за својата мајка.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....