08:35 - 7 април, 2026

„Се собира семејството и ни е убаво“: Јелена Розга откри како ги поминува празниците и се присети на детството

Пејачката Јелена Розга настапи во Трогир во рамки на Адвентската програма, а во разговор за медиумите се наврати и на своето детство.

Со топлина зборуваше за растењето, семејните навики и малите радости што ја обликувале.

„Работев малку. Баба Јела секогаш ме чуваше и внимаваше на мене. Не бев нешто особено вклучена околу маслинките и лозјата – моите сè тоа го имаа, правеа вино и маслиново масло. Јас ќе одев по неколку часа, па пешки ќе се враќав дома, ги слушав старите плочи на ‘Магазин’ на дедовиот грамофон и вежбав пред огледало“, раскажа Розга за „Ин магазин“.

Посебно со насмевка се присети на домашната храна: „Ги сакав кокошките и секое утро одев по свежи јајца. Тоа е најслатко – јајцето уште топло, здраво, со бабино маслиново масло“, додаде таа.

И оваа година, и покрај бројните понуди, Јелена на Бадник и Божиќ не планира да работи. Празниците, вели, се резервирани за партнерот Иван Хуљиќ, семејството и пријателите.

„На Бадник наутро задолжително одам во град, малку на Рива, ќе јадам бакалар, а потоа – во пристојно време – кај моите на ручек. Мајка ми се држи до старите обичаи: елката секогаш се кити на Бадник, јадеме нешто убаво, па се враќаме дома и одиме на вечера кај Петар и Хана“, објасни пејачката.

На тие семејни собири редовно се приклучуваат и Тончи Хуљиќ и Вјекослава Хуљиќ.

„Се собира целото семејство, ни е убаво и навистина уживаме. А следниот ден, на Божиќ, ручек малку кај едни, малку кај други. Потоа, откако ќе се изнајадам и со сите ќе се изгушкам и избацам, ќе си легнам да спијам до 26-ти – додека не морам повторно да тргнам на пат“, рече Розга со препознатливата искреност.

Слични објави

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.
Се вчитува....