16:37 - 5 декември, 2025

Се посвети на верата, постот и риболовот: Тони Цетински го пронајде својот мир и го промени својот живот од корен

Пејачот Тони Цетински со години е еден од оние чија музика буди емоции. Додека се подготвува за трите концерти закажани во ноември, зборува за тоа зошто го променил начинот на живот и колку му значи поддршката на неговата сопруга Дубравка, во интервју за „Блиц“ од Италија, каде што моментално престојува.

„Луѓето често ме доживуваат како голем романтичар, и вистина е, се трудам да бидам таков и во приватниот живот, пред сè кон мојата сопруга Дубравка. За мене, романтиката не се само цвеќиња, вечери или свеќи – тоа се убави детали, но суштината е во мирот и разбирањето. Романтика е кога знаеш дека имаш личност покрај себе што те прифаќа таков каков што си, и во добро и во лошо. Вљубеноста и страста се прекрасни, но вистинскиот луксуз денес е – мир.“

Сопругата ви е животна потпора. Колку ви значи нејзината поддршка?

„Не можам да го измерам нејзиното значење, бидејќи таа ми значи сè. Дубравка е мојот столб, мојот темел. Без неа ништо не би имало смисла. Заедно поминавме многу – и убави и тешки моменти, и секогаш излегувавме посилни. Ние сме еден на друг поддршка и потпора. Кога паѓам, таа ме крева. Кога неа ѝ е тешко, јас сум тој што стои до неа. Таквата љубов е ретка и бескрајно сум благодарен што ја имам.“

Во моментов сте во Италија со сопругата – дали тоа е ваш начин да се наполните со енергија и инспирација пред концертите во Белград?

„Посетивме Тоскана, Рим, Фиренца, а најважно беше да го посетам југот на Италија поради моите корени, односно мојата баба. Всушност, патувањето беше едно видо христијанско поклонение, и благодарен сум му на Падре Пио, на Свети Михаил и на драгиот Бог за сите благодати. Искрено сум благодарен на мојата сопруга и на нашата прекрасна Ива за ова бајковито патување и за сè што убаво замислија и остварија. За успешен концерт е важен добар и квалитетен одмор, а за гастрономијата, што да се каже, Италија е позната по тоа. Природата, архитектурата, убавината, сето тоа инспирира. Секое патување, било во Италија или на друго место, е доживување што човек треба да го посакува.“

Три последователни концерти во Сава центар се голем потфат – како се подготвувате физички и емотивно за таков маратон?

„За успешни концерти мора добро да се одмориш. Со сопругата уживаме, а потоа следува интензивен ритам. Љубовта што започна во арената во Пула продолжува и ќе заврши следната година во Загреб. Три концерти се навистина голем предизвик – емотивно и физички – но кога имаш публика што ја води приказната дури и кога ти ќе застенеш, тогаш тоа е вистинската работа. Благословен сум поради тоа.“

На секој концерт ја изненадувате публиката со нешто посебно. Дали и овојпат подготвувате нешто што ќе ги остави без здив?

„Последниот пат, публиката мене ме остави без здив, и подготвен сум повторно за тоа. Таа сила на љубовта и реакцијата од публиката ме разгалуваат, и тешко е тоа да се надмине.“

„Уживам во риболовот и повеќе не брзам“

Италија е земја на хедонизмот. Дали и вие сте таков по природа? Со што најмногу се опуштате – со храна или пијалок?

„Италија и Истра се вградени во мене како начин на живот. Го сакам тој ‘dolce vita’ пристап – да не се брза, да се ужива во моментот, во мирот, во едноставноста. Јас сум хедонист, но не во смисла на претерување, туку во смисла на благодарност. Најмногу уживам во природата, во риболовот, во добар оброк со семејството. Со сопругата го сменивме начинот на исхрана. јадеме повеќе риба, постиме и се трудиме да живееме здраво. Пијалок во умерени количини, но мирот – тоа е мојот вистински зен.

Слични објави

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо
Се вчитува....