7.8 C
Скопје
10:24 - 1 април, 2026

Се подготвува филм за Мирослав Илиќ со Роберт де Ниро во главна улога: „Ќерката на Де Ниро ги слуша песните на Мирослав“

Се подготвува филм за Мирослав Илиќ чија улога ќе ја толкува холивудската ѕвезда Роберт де Ниро.

Легендарниот пејач Мирослав Илиќ ќе добие филм за неговиот живот, чиј творец е неговиот менаџер и директор на продукцијата Хајп, Саша Мирковиќ.

Како што откри, по филмот за животот на Аце Лукас, се подготвува и филм за овој познат пејач чија улога ќе ја толкува холивудската ѕвезда Роберт де Ниро.

– Мирослав Илиќ е жива легенда и заслужува неговото патување до ѕвездите од родното Мрчаево да биде прикажано и претставено пред многубројните почитувачи на неговиот лик и дела. Не сакам да чекам да умре за да снимам филм за него! Верувам дека тоа веќе го заслужи во текот на својот живот бидејќи постигна сериозен успех, човекот е легенда – изјави Мирковиќ.

– Роберт де Ниро го гледам како идеален за главната улога, пред се поради годините, но и поради физичката сличност. Работам напорно за да ја донесам холивудската ѕвезда. Не можам да ги откријам сите детали, но ќе ви кажам дека ќерката на Де Ниро, Дрина, обожава да ги слуша песните на Илиќ.

Филмот за Мирослав Илиќ ќе биде во два дела бидејќи, како што вели Мирковиќ, заплетот на првиот дел ќе зборува за музичките почетоци на пејачот, додека вториот дел ќе се фокусира на сегашноста.

– Покрај Де Ниро, кој, се надевам, ќе го глуми Мирослав во зрелите години, Илиќ како млад ќе го глуми еден млад, неафирмиран актер. Сакам да му дадам шанса на еден млад уметник да влезе во светот на филмската индустрија. Се уште не знам кој ќе ја добие таа можност – истакна Мирковиќ пред српските медиуми.

Во оваа прилика се огласи и самиот Мирослав, но не откри многу детали.

– Засега само се крчка, идејата е уште во зародиш и ќе видиме што ќе излезе од неа. Не можам да ви кажам ништо конкретно освен дека омилен актер ми е Де Ниро – изјави Мирослав за медиумите.

Роберт де Ниро своевремено рече дека како студент често патувал низ Европа без пари и дека престојувал во Ниш.

– Немав пари, запирав камиони на пат. Сакав да стигнам до Белград, а камионџијата ме возеше до главниот плоштад во Ниш. Еден човек ми понуди сместување и храна. Бев трогнат од тој гест, човекот ми рече да се чувствувам како дома. Поминаа многу години, а јас се уште се сеќавам на секој детал од тоа патување– се присети Де Ниро.

(Фото) Роберт Де Ниро игра оро во Белград: „Сакав да видам како пулсира животот тука“

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....