7.8 C
Скопје
18:08 - 28 март, 2026

Се плашев за мене и за Димитар: Сара Мејс откри интимна приказна

Сара Мејс се отвори за еден детаљ од бракот со Димитар Атансовски, за стравот за кој досега не раскажала јавно.

Пејачката и харфистка е во брак со водителот од 2017 година и имаат две деца, Илина и Кирил. Сара и Димитар гостуваа во емисијата „Нешто конкретно“ со Снеже Велков заедно со оперските пејачи Ана и Игор Дурловски на тема семејство и брак.

Во еден дел од емисијата, Сара откри кога најмногу се плашела за нејзиниот однос со Димитар, а тоа е кога им се родила ќерката.

– Имавме помош, но претежно бевме сами. Кога се роди Илина, почнав да се плашам за таа наша релација искрено, помеѓу мене и Димитар. Порано сме сметале дека полесно ги решаваме работите. Тогаш ми беше страв, на некој начин – откри Сара.

Ана Дурловски, Димитар Атанасовски, Снеже Велков, Игор Дурловски и Сара Мејс во „Нешто конкретно“ Фото / Инстаграм

 

– За продлабочувањето на љубовта и за тоа како љубовта зрее и ги менува своите форми и облици… Јас не се согласувам со таа реченица: „Еј, сега сте во медот, ќе ве видам за 7-8, 10-20 години“, затоа што мојата теорија е дека љубовта навистина знае да се продлабочува.

И тоа е нешто што за првпат го почувствував како сопруга. Тој вид на длабочина го гледам и кај татко ми како ги гледа моите деца како свои, како ќе му се насолзат очите кога е со нив. Но, како две планини ми се тие две работи различни – додаде Сара Мејс.

Слични објави

Јелена Розга се прошета низ Њујорк со јакна од 2.500 евра

Еспресо

(Фото) Се мажи 16-годишната ќерка на Тајсон Фјури! За моминската вечер сакала да изгледа како грчка божица

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

(Видео) „Е сега можам да умрам“: Здравко Чолиќ се симнал од сцената и го направил ова кога ја видел Милица Павловиќ

Еспресо

(Фото) Деколтето во прв план: Сека Алексиќ ги привлече сите погледи, па проговори за естетските зафати

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо
Се вчитува....