5.8 C
Скопје
03:10 - 31 март, 2026

Се отвораат „живи рани“, тие оставаат „лузни“: Нова исповед на Сузана Турунџиева

Уште една искрена исповед на Сузана Турунџиева, која ја објави откако раскажа дека ја победила лошата болест.

Таа во неодамнешно интервју за „Слободен печат“ изјави дека не верувала оти на неа, која живее здрав живот може да ѝ се случи такво нешто, и сега се грижи повеќе за себеси и живее нов живот.

-Многу често се опседнуваме со нашиот физички изглед, со нашата надворешност, не размислувајќи дека е речиси невозможно да ја камуфлираме нашата руинирана емотивна состојба, незадоволство, празнина и духовна сиромаштија. ..
Сте знаеле ли дека кога доживуваме социјално отфрлање се активираат истите рецептори како и кога доживуваме физичка повреда?
Исто така разделбата или одврзувањето од некои луѓе, ситуации и периоди умее да предизвика болка, идентична на онаа кога ќе скршиме рака или нога.
Скршените очекувања најмногу болат… до толку што се отвораат “живи рани”… Тие оставаат “лузни” исто како и надворешните повреди, само што таквите лузни се невидливи…
Не дозволувај да си полн(а) со празнотија… Не дозволувај сам(а) да си отвораш живи рани… Наместо да го растеш гневот, одгледувај љубов…
Научи да се нурнуваш длабоко во себе, да се доближиш до Бога, кој ќе ти ги “залеми” сите лузни кои некој или нешто ти ги предизвикало и ќе те научи да се засакаш и почитуваш себеси… Не е себично, неопходно е!!!“, напиша пејачката и водителка до новата објава, со слика од плажа.
Фото/ Фејсбук

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....