15:29 - 25 март, 2026

Се огласи Марјана Станојковска по седумката на лото која се падна по две години

Водителката Марјана Станојковска се огласи по седумката на лото која се падна на последното извлекување на играта на среќа. Во средата, падна втората најголема добивка на лотарија во историјата на Македонија, по онаа од 1,7 милиони евра во август 2024 година.

Марјана Станојковска на својата инстаграм-приказна објави дека среќниот добитник е од Кавадарци и го сподели видеото од ТВ „Канал 5“ од моментот кога среќниот број 11 му донесе пари на добитникот на главната премија.

Фото/Инстаграм

„Последниот среќен број е бројот 11. Го извлековме бројот 11. Има седумка! Вечерва драги мои имаме добитник на нашата фамозна лото премија. Уф, 15 шестки, многу добивки со пет и четири погодоци“, рече водителката и ги прочита седумте среќни броеви.

Фото/Инсстаграм

Во извлекувањето на играта на среќа „Лото 7 од 37“ на Државната лотарија, главната премија, „седумката“ на среќниот добитник му донесе над 78,5 милиони денари.

Слични објави

Аца Лукас не ја смета Цеца за идеална жена: „Јас сакам паметни жени, а рурални жени не ме интересираат“

Еспресо

(Фото) Во шорцеви на настап: Маја Панчева никогаш не изгледала подобро

msp-admin

Итно хоспитализиран Мирослав Илиќ: Пејачот примен во Ургентниот центар

Еспресо

(Фото) Летување во камп во 1990-тите: Носталгичен спомен на Миа Костова

msp-admin

Ана Николиќ се врати во својот стан, соседите се очајни: „Спиевме мирно додека таа беше во хотел“

Еспресо

(Фото) Мала радост во домот на Наталија, сопругата на Андреј од ДНК

Еспресо
Се вчитува....