8.8 C
Скопје
12:21 - 1 април, 2026

Се огласи мајката на Наталија Вовк за убиството на Дугина: „За инцидентот дознав од телевизија, бев шокирана“

Мајката на Наталија Вовк, осомничената за убиството на новинарката Дарја Дугина, изјави дека од јуни не ја видела својата ќерка и долго време не разговарала со неа на телефон.

Според жената, само нејзиниот татко, Павел Вовк, одржувал контакт со нејзината ќерка.

– Таа комуницира само со нејзиниот татко. Немам никаква дописка со неа, не сме разговарале долго време, изјави таа во интервју за новинарите, пренесува РЕН ТВ .

Последен пат се виделе, според зборовите на нејзината мајка, во мај или јуни, откако Наталија од странство се вратила во Мариупол.

Вели дека за инцидентот дознала од телевизија и дека била „многу шокирана“.

Според неа, таа рекла дека нејзината ќерка се приклучила на Вооружените сили на Украина за да ги одгледува двете деца.

– Знам дека отиде за да ги одгледува двете деца. Таа отиде таму во време на мир, служеше во вооружените сили на Украина и пред војната. Таму работела две години, изјавила мајката на Наталија, а пренесува „Известија“.

И таткото на Наталија кој вчера се огласи рече дека таа навистина еднаш служела во вооружените сили на Украина, а се откажала поради здравствени проблеми.
Откако била оперирана, била префрлена во централата да работи како телефонски оператор.
Оттаму, таа дала отказ, добивајќи солиден надомест.

Ќерката на филозофот Александар Дугин, Дарија Дугина беше убиена на 20 август кога експлодираше автомобилот на нејзиниот татко што таа го возела додека се враќала од литературниот и музички фестивал Традиција во Подмосковље.
Вчера по повод нејзината смрт беше одржана комеморација на која присуствуваа голем број луѓе, а подоцна беше погребана само во кругот на семејството.

 

Слични објави

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....