20:43 - 4 април, 2026

Се огласи Калиопи по трагината смрт на жената на концерт: „Ова е најтажен ден во мојата кариера“

Калиопи Букле го откажа вчерашниот концерт откако на жена од публиката прво ѝ се слошило, а потоа, за жал, почина.

Жената дошла дури од Македонија во друштво на своите пријатели и ќерката, кога и се слошило во салата на МТС во Белград.

Иако на лице место реагирала брзата помош, не можела да се спаси.

Пејачката, како што пишуваат српските медиуми, видно се потресла, заплакала, па ја напуштила бината. Потоа отишла во полициска станица за да даде изјава.

Сега, Калиопи се огласи и на својата Инстаграм страница.

„Ова е најтажен ден во мојата кариера. Денес наместо да го славиме животот на мојот концерт, изгубивме живот. Во свое име и во име на целиот мој тим изразуваме најдлабоко сочувство на семејството на починатата личност. Ова е моја прва и единствена изјава за вечерниот немил и многу тажен настан за сите нас…Се надевам дека мојата публика ќе има разбирање за одложувањето на концертот..Новиот термин наскоро ќе биде објавен – напиша пејачката.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....