11.8 C
Скопје
16:49 - 29 март, 2026

Се огласи и менторката Вики по скандалот со земање пари во „Ѕвездите на Гранд“: „Ќе ви дадам пример од мое искуство“

Како бомба одекна приказната за кандидатот на „Ѕвезде Гранда“ Душан Вукадиновиќ дека пејачката и членка на жирито Снежана Ѓуришиќ му барала пари за да се пласира во следната рунда од натпреварувањето.

Вики, Инстаграм

Српската популарна пејачка и телевизиско лице Вики Миљковиќ која е една од судиите и менторка во „Ѕвездите на Гранд“ деновиве е во Америка од каде проговори за обвинувањата на Душан Вукадиновиќ, кандидат од натпреварувачкото музичко шоу „Ѕвезде Гранда“, која тврди дека нема местење на конкурсот, како и дека членовите на жирито се целосно посветени на своите кандидати.

– Многу ми е жал што ова се случува. Јас сум на турнеја во Америка, па поради временската разлика следам колку што можев повеќе за што се работи. Можам да кажам дека не е точно дека некој од членовите на жирито зема пари од кандидатите. Ние го живееме животот на „Ѕвезде Гранда“. Само ќе ви дадам еден пример од мојот живот. Многупати на некои кандидати кои за жал не можеа да дојдат на снимање им давав пари и им обезбедував сместување или гардероба. Исто така, секогаш кога се дружиме или вежбаме, обезбеден е кетеринг. Ние сме исклучително посветени на тие деца и се трудиме да им помогнеме колку што можеме. Со секој кандидат се однесуваме така, без исклучок. Верувам дека и другите колеги подеднакво ги третираат своите кандидати – изјави Вики за српските медиуми.

Хаосот во „Ѕвездите на Гранд“ зема замав, продуцентот Саша Мирковиќ со директно прашање до Саша Поповиќ: „Што правеше со малолетниците?!“

Слични објави

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо

Едита откри каде ќе се породи! Во шестиот месец е од бременоста, проговори и за породувањето и семејството

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Биковите наоѓаат мир во себе, Водолиите носат храбра одлука

Еспресо
Се вчитува....