13:37 - 13 ноември, 2026

(Видео) Се огласи Диди по вознемирувачката снимка на која се иживува врз девојка си: „Го допрев дното, нема оправдување“

Објавеното видео од страна на Си-ен-ен на кое се гледа како познатиот рапер Диди безмилосно ја тепа неговата тогашна девојка Касандра Вентура, позната како Каси, во хотелот Интерконтиннтал, ја разбранува и вознемири јавноста. Видеото инаку датра од 2016 година.

Сега, конечно се огласи и раперот и на својот инстаграм-профил објави дека „навистина му е жал“.

„Го допрев дното, но не барам изговори. Тешко е кога треба да се размисли за најтемните моменти во вашиот живот, но понекогаш тоа е неизбежно. Јас не бев добро“, започна раперот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOVE (@diddy)

„Мислам дека го допрев дното, но не барам оправдувања, моето однесување во тоа видео е неоправдано. Ја преземам целосната одговорност за моите постапки во тоа видео, згрозен сум. Ми се гади кога го правев тоа, ми се гади сега. Отидов и побарав стручна помош, отидов на терапија, на рехабилитација. Морав да го молам Бога за неговата милост и спасение. Многу ми е жал. Но, јас сум посветен на тоа да бидам подобар човек секој ден. Не барам прошка, навистина ми е жал“, додаде Диди.

Инаку, Каси која е исто така пејачка го обвини раперот дека често ја тепал и ја силувал, а тоа траело цели десетина години. Во тужбата таа навела дека го запознала Диди во 2005 година, кога имала 19 години. Пејачката тврди дека тој ја контролирал и бил насилен со неа уште од самиот почеток. Таа изјавила дека ја терал на секс со машки проститутки, а тој го снимал, но и физички ја малтретирал и ја дрогирал. Каси тврди дека Диди честопати „дивјачки ја тепал“. Наводно, сè се одвивало пред очите на неговите вработени, а Диди, според пејачката, често ја терал да го носи неговото огнено оружје во чантата „за да има на ум дека е способен тешко да ја повреди“.

 

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....