Ѓина Џиновиќ, ќерката на пејачот Харис Џиновиќ и модната дизајнерка Мелина, се огласи на социјалните мрежи откако во регионалните медиуми беше објавена веста дека нејзиното поранешно момче Андреј Благоев (23) е уапсено во Солун.
Младата инфлуенсерка не го коментираше директно неговото апсење, ниту обвиненијата што се поврзуваат со него, туку на својот инстаграм-профил сподели кратка порака на англиски јазик.
„Поздрав до сите кои редовно ми ги лајкуваат приказните. Ве сакам, луѓе. Ќе ви купам подароци кога ќе бидам богата. Бакнеж“, напиша Ѓина.
За музичка подлога ја избра песната „One Love“ на групата „Блу“.

Нејзината објава следува по информациите дека Благоев, со кого Ѓина претходно била во врска, е уапсен во Солун.
Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, 23-годишниот Благоев е осомничен дека е високопозициониран припадник на т.н. „врачарски клан“. Тој се сомничи за вмешаност во организирање бомбашки напади во Белград, како и за подготовка на ликвидација во Грција.
Како што се наведува, Ѓина и Андреј се запознале преку заедничко друштво, а нивната врска траела околу една година. По раскинувањето, за Благоев ретко се пишувало во јавноста.
Ѓина досега јавно не ги коментирала сомнежите против поранешното момче, а ниту во најновата објава не го спомнала неговото име.
