00:55 - 11 април, 2026

Се огласи Дадо Полумента од Малдиви: Со бремената сопруга и ќерките заглавен поради кризата на Блискиот Исток

Пејачот Дадо Полумента моментално престојува на Малдиви заедно со сопругата Ивона, која е во шестиот месец од бременоста, и нивните две ќерки. Семејството планирало враќање во Србија преку Дубаи, но поради влошената безбедносна состојба и нарушувањата во авионскиот сообраќај, нивниот лет бил откажан.

До компликациите дошло по ескалацијата на тензиите меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, како и дополнителните случувања во регионот што го вклучуваат и Израел. Поради тоа, воздушниот простор над дел од Обединетите Арапски Емирати бил привремено затворен, а бројни меѓународни летови биле одложени или целосно откажани.

„Пред сè, сакам да кажам дека сме добро и дека Ивона и децата се на безбедно. Секако дека постои загриженост, особено бидејќи Ивона е во шестиот месец од бременоста, но во овој момент најважно ни е да бидеме трпеливи и да почекаме безбедно враќање. Летот преку Дубаи е откажан и сега бараме алтернативни решенија. Ви благодарам на сите што се грижите и испраќате пораки за поддршка, се надеваме дека наскоро ќе тргнеме кон дома“, изјави пејачот.

Покрај семејството Полумента, на Малдиви во моментов престојуваат и пејачите Дарко Лазиќ и Слоба Радановиќ, кои, според српските медиуми, исто така се соочуваат со проблеми при враќањето поради нарушениот меѓународен авионски сообраќај.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....