6.8 C
Скопје
20:52 - 11 март, 2026

Саша Поповиќ проговори за богатството и што им остава на наследниците: „Ми останаа уште 15 години живот“

Вистинско богатство Саша Поповиќ го стекнал кога оставил белег во „Слатки грех“ и оттогаш се вивнува и неговата кариера, работејќи прво во продукцијата „Зам“, потоа во „Гранд“ чиј сопственик и основач беше тој самиот.

Интересно е што судбината на поранешниот директор на „Гранд“ точно му ја предвидела Баба Ванѓа. Тој ја посетил Баба Ванѓа во Бугарија заедно со Лепа Брена, уште во времето на „Слатки грех“, сакајќи да дознае што го чека во иднина. И така, таа му прорекла дека ќе биде на самиот врв на поп музиката и ќе создава музички ѕвезди, а според Ванѓа, судбината на Саша Поповиќ е да доживее длабока старост и да си замине во сон на 86 години.

Саша не обрнувал многу внимание на она што му било кажано во тоа време, меѓутоа, после толку години во кои се остварило сето она што Ванѓа го прорекла, тој се почесто размислува за тоа колку уште му останало во животот и дали ќе се случат и овие нејзини зборови. Затоа на шега вели дека си дозволува да си купи се што сака.

– Сакам автомобили, не сакам да се фалам со тоа. Ми останаа уште 15 години од животот, па да се повозам уште малку. Некои велат да имам уште два лизинка и готов сум – вели овој успешен човек кој според некои се впуштил во бизнис со градежништвото токму поради тие преостанати петнаесет години, а не затоа што му требаат пари.

– Сузана е дома со мене. Им купивме станови, локали и гаражни места на ќерката и синот и ги обезбедивме. За нас е важно да бидеме блиски. Затоа што сум пензионер, некој да ме посети на стари денови, а и ние да им бидеме блиску, ќе даде Бог и внуци да дојдат. Им ги опремивме становите, тоа е најубавиот новогодишен подарок. Навистина се скромни, ова не го ни побараа, тоа беше желба на Сузана и моја желба – откри тој за српските медиуми.

 

 

Слични објави

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо

„Зошто ја сакам?“: Како зборуваше големиот југословенски шармер Драган Николиќ, за кого љубовта беше пред сè

Еспресо
Се вчитува....