5.8 C
Скопје
02:43 - 1 април, 2026

Саша Поповиќ итно ги повикал децата: Нови информации за здравствената состојба на сопственикот на „Гранд“

Саша нон-стоп е во контакт со семејството, што е нормално, затоа што сите се грижат и се трудат да му бидат на располагање во секој момент.

Неодамна се појави веста дека Саша Поповиќ, креативниот директор на продукцијата „Гранд“ веќе извесно време има здравствени проблеми, поради кои морал да отпатува на лекување во странство, поточно во Париз.

(Фото) Вака изгледа луксузниот дом на Саша Поповиќ и Сузана: „Ова е куќа во која живеат луѓе, готват, перат, пеглаат, чистат…“

Како што веќе пишувавме, семејството и пријателите цело време се покрај него со надеж дека се ќе се реши брзо и дека состојбата ќе се подобри, а тој редовно се слуша од болницата со сопругата Сузана и со децата. Сега, како што дознава српска Република, тој ги повикал децата да им каже дека се е стабилно и дека нема потреба никој да шири паника за неговата состојба и приватно и во медиумите.

– Саша нон-стоп е во контакт со семејството, што е нормално затоа што сите се грижат и се трудат во секој момент да му бидат достапни. Сузана постојано прашува дали му треба нешто, а децата се јавуваат да прашаат што велат лекарите за најновите информации. Саша сега им се јавил на децата од болница за да им каже дека се е во ред и дека никој не треба да се грижи. Им порача дека секој треба секогаш да биде оптимист бидејќи штом е оптимист веднаш е чекор напред во однос на ситуацијата, каква и да е – вели извор близок на Поповиќ за рспска Република.

Потсетуваме, откога во мај се појавија фотографии на кои Саша е во инвалидска количка и кога беше примен на Институтот за ортопедија на Бањица, Поповиќ исчезна од јавниот живот. По престојот во болница, своеволно заминал во една од најдобрите болници во Париз кадешто деновиве го чека операција.

Ќерката на Саша Поповиќ го прекина молкот со трогателна објава: Заминал во Париз на операција

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....