Српскиот пејач Саша Ковачевиќ призна дека му се допаѓала неговата колешка Емина Јаховиќ, со која во 2008 година го снимија дуетот „Још ти се надам“.
Зборувајќи за тоа како дошло до нивната соработка, тој изјави дека во едно интервју навел дека би сакал да работи со неа, по што таа го контактирала. По снимањето на дуетот останале во контакт.
„Понекогаш енергетски ќе се поклопиш додека снимаш нешто или уште пред снимањето, кога ќе се запознаете и додека трае целиот процес, а понекогаш прифаќаш да работиш дует со некого затоа што е многу популарен, а не го познаваш лично и не знаеш каква личност е. Тогаш е убаво да размените неколку зборови за да видите како енергетски се поклопувате. Да не се поклопевме Емина и јас, тој дует немаше да ја има таа емоција и магија. Очигледно е дека се поклопивме и тоа остана и низ нашето подоцнежно дружење“, изјави тој во интервју за „Скандал“.
На прашањето дали му се допаѓала Емина Јаховиќ, тој одговори:
„Па, кому Емина не му се допаѓала? Секако дека ми се допаѓаше. Не ја освојував, таа тогаш беше во брак со Мустафа. Кога ќе се погледнам себеси во дваесеттите години, сигурно ќе го имав ставот: ’Добро, мажена е, па што?‘, но од оваа перспектива не размислувам така. Сега размислувам за семејството. Ако направиш хаос во едно семејство, тоа не е само разделување на жена од маж или обратно, туку се руши цело семејство. Треба да се биде многу внимателен кога се размислува за такви теми. Во тие млади години ми поминуваше низ глава, но не се случи.“
Иако Саша Ковачевиќ неодамна изјави дека со години постои проблем меѓу нив поради кој не гостувал на нејзиниот концерт во Белград, сега појасни:
„Ме покани на концертот, но во исто време имав договор да бидам на концертот на Ивана Селаков. Едноставно не можев да стигнам на двете места. Не сакам да доцнам и да изгледам непрофесионално. Би сакал да можев да ги испочитувам двете.“
