04:28 - 7 ноември, 2026

Саша Ковачевиќ го откри полот на детето: „Пресреќни сме, чекаме…“

Популарниот српски пејач Саша Ковачевиќ, кој на почетокот на јуни тајно се венчаше со својата долгогодишна партнерка Зорана Тасовац, наскоро ќе стане татко. Парот во ексклузивно интервју за магазинот „Hello“ откри дека очекува машко дете, истакнувајќи дека се пресреќни што ќе добијат син.

Пејачот призна дека веста за бременоста на сопругата се обидувале да ја сокријат од јавноста одреден период за сè да помине во најдобар ред, но откако информацијата протекла, сфатиле дека е апсурдно да ја демантираат вистината.

Иако нивната венчавка беше организирана во строга тајност, на социјалните мрежи брзо испливаа видеоснимки од нивниот прв танц и од моментот веднаш по изговарањето на судбоносното „да“. За оваа свечена прилика, невестата избра елегантна бела венчаница од чипка со цветни мотиви, додека Саша носеше класичен црн костим.

Инаку, Зорана од претходниот брак ја има ќерката Искра, за која Саша во повеќе наврати со многу љубов изјави дека ја доживува и ја нарекува како свое родено дете, нагласувајќи дека таа секогаш ќе остане неговото прво дете, дури и кога ќе го добие своето биолошко синче.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....