8.8 C
Скопје
11:36 - 1 април, 2026

Сараево завиено во црно: Босанска инфлуенсерка почина на 26 години, два дена по својата свадба

Сараево е завиено во црно по тажната вест дека инфлуенсерката Адна Ровчанин-Омербеговиќ, родена во 1999 година, почина само два дена по својата свадба.

Адна и нејзиниот сопруг Фарис се венчаа во саботата, на 13 септември, во сараевскиот хотел „Холивуд“ на Илиџа, пишува „Дневни аваз“.

Таа ноќ, која требало да биде најсреќна во животот на младата двојка, на Адна нагло ѝ се слошило и итно била пренесена во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што починала на 15 септември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adna Rovčanin (@adnarovcaninn)


Во неизмерна тага по Адна остануваат нејзиниот сопруг Фарис, таткото Алија, мајката Фикрета, сестрите Адиса, Алмедина, Алдина и Алмина, свекорот Семир, свекрвата Нермина, золвата Адна, зетовите Един, Хенес и Џенис со своите семејства, како и бројни роднини, пријатели и соседи.

Инаку, Адна се занимаваше со козметика и водеше сопствен салон во Сараево.

Пријателите ја опишуваат како вредна, насмеана и секогаш ведра личност.

„Вчера беше со нас, а денес те испраќаме. Почивај во мир, драга Адна“, „Нека ти Алах подари Џенет, а на твоето семејство сила и утеха во овие тешки моменти“, „Не е праведно животот на младите луѓе да заврши толку рано. Засекогаш ќе останеш во нашите срца“, се зборови со кои се простуваат пријателите и познаниците на социјалните мрежи.

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....