20:45 - 6 ноември, 2026

Сандра Африка за болната семејна приказна: „Татко ми никогаш не ме побара, не знам ни каде е погребана баба ми“

Пејачката Сандра Африка отворено проговори за тешката семејна тема која ја следи низ целиот нејзин живот – односот со татко ѝ и неговата страна од семејството.

Во разговор за медиумите, Сандра откри дека татко ѝ никогаш не воспоставил контакт со неа, па дури и во најважните моменти од нејзиниот живот. Таа нагласи дека не знае ни каде е погребана баба ѝ, бидејќи никој не ја известил за нејзината смрт.

„Не знам ни каде е погребана. Не можам да бркам никого, особено не татко ми. Тој цел живот не е присутен. Мене татко ми не ме побара ниту за 18. роденден. Тогаш мајка ми со тешка мака направи ручек и торта дома, а тој не се ни јави. Никогаш не се потруди да праша дали сум добро,“ раскажа пејачката.

Сандра призна дека во моментот на смртта на баба ѝ почувствувала мала жал, но веднаш потсети дека таа жена никогаш не покажала интерес за неа.

„Иста таа баба никогаш не ме побара, не ме однесе на сладолед, иако живееше блиску. Од другата страна, мамината мајка, иако живее во Германија, ми е посветена, се слушаме постојано. Така што, не го чувствувам тоа – нека ми прости Бог. Во црква запалив свеќа и тука завршив со таа приказна,“ рече Сандра.

И покрај сè, пејачката истакна дека од своето искуство извлекла поука и дека со своите деца ќе постапува поинаку:

„Развод е во ред, но децата не смеат да испаштаат. Сакам моите деца да имаат сосема различно искуство од она што јас го имав“, нагласи таа.

На крајот, Сандра додаде дека денес нема никаква потреба да разговара со татко ѝ, ниту пак постои нешто што би сакала да го праша:

„Имав прилика да разговарам со него, но реагираше без врска. За мене некои работи немаат оправдување“, заврши Сандра Африка.

Слични објави

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо
Се вчитува....