10.8 C
Скопје
13:18 - 29 март, 2026

Сандра Африка му одговори на свештеникот на СПЦ по шегата дека ќе го „крсти“ својот пес: „Ниту еден поп нема да каже дека тоа е супер идеја за Тикток“

Пејачката Сандра Африка повторно се најде во центарот на вниманието, откако Српската православна црква реагираше на нејзиниот неодамнешен Тикток видео-тренд.

Следејќи популарна шега на Тикток – во која луѓето се снимаат како наводно планираат да ги „крстат“ своите миленици – и Сандра го направи истиот видео-клип. Но, тоа предизвика критики од свештеник на СПЦ, па сега таа јавно објасни дали смета дека погрешила.

„Не сум се исмејувала со Црквата, тоа не е моја оригинална идеја – сите се снимаат со таа шега. Кажуваат дека сакаат да го крстат кучето, и јас направив исто како и другите. Тоа е Тикток, но изгледа само моето видео им смета, другите не важат… (се смее). Не мислам дека тоа ми се врати негативно, не сум личност која прави лоши работи. Ниту еден поп нема да каже дека е ‘супер фора за Тикток’!“ – изјавила Сандра за „Блиц“.

Да потсетиме, по видеото во кое ѝ се јавува на пријателка и ја прашува дали сака да биде „кума“ на нејзиниот пес, реагираше отец Јован од манастирот Св. апостоли Петар и Павле, кој остро го осуди ваквиот тренд.

„Прости ѝ, Господи, не знае што прави! Да знаеше каков грев е да се обезвреднува Светата тајна крштение, никогаш не би го направила тоа. Нема тука Божји благослов. Ова се страшни работи, богохулење. За вакви зборови може да се одговара и пред црковен суд и да се сносат сериозни канонски последици, ако е лицето крстено и ако припаѓа на православната вера. Мој татковски совет е искрено да се покае, со горки солзи, и да отиде кај тој свештеник што го споменува, за да му се извини“, изјавил свештеникот.

Слични објави

Едита откри каде ќе се породи! Во шестиот месец е од бременоста, проговори и за породувањето и семејството

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Биковите наоѓаат мир во себе, Водолиите носат храбра одлука

Еспресо

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо
Се вчитува....