11:29 - 13 ноември, 2026

„Само никогаш немој да ми забраниш да го гледам моето дете“: Гоца Тржан проговори за расправиите со Раша

Пејачката Гоца Тржан отворено признава дека и во нејзиниот брак со Радомир Раша Новаковиќ има расправии, но истакнува дека една работа кај него особено ја трогнува, неговиот однос кон нејзината ќерка Лена.

Гоца нагласи дека Раша има огромни заслуги и во нејзиното срце, но и во срцето на Лена, која ја прифаќа како свое дете уште од најмала возраст.

– Во нејзиниот живот, на петгодишна возраст, влезе Радомир, кој никогаш во овие 13 години не рекол „ова е ќерката на Гоца“, туку секогаш „нашата“. И еве, дури и сега на нејзиниот роденден одржа таков говор на кој луѓето плачеа, раскажа Гоца и додаде:

– Неколку пати сме се скарале, а јас, како жена, знам да кажам сешто. А тој ме гледа, трепка и ми вели: „Само немој, те молам, никогаш да ми забраниш да го гледам моето дете. Никогаш немој да ми го одземеш тоа, затоа што таа ми е сè што имам“. Тоа се работи што никогаш нема да му ги заборавам. Ќе има малку кредит кај мене кога ќе влезе во криза на средни години. Такви работи се заслужуваат, а тој ги заслужи  и во мојот живот и во животот на Лена – изјави Гоца во една емисија, пренесува „Гранд“.

Раша: „Лена и јас ја запросивме заедно“

И самиот Раша повеќепати истакнал дека Лена ја доживува како свое дете, па се присети и на моментот кога заедно со неа ја запросил Гоца.

– Да не беше Лена, јас веројатно немаше ни да се оженам. Лена и јас ја запросивме заедно. Со денови планиравме како да го направиме тоа, па го одбравме прстенот. Лена имаше свој мал перформанс излезе од плакарот, го извади прстенот, а јас дури и не клекнав. Таа беше на таа висина, што изгледаше како јас да сум клекнал – раскажа Новаковиќ.

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо
Се вчитува....