01:40 - 12 април, 2026

„Сакам постари, ама не баш толку“: Коментарот на Јаков Јозиновиќ за Наташа Беквалац стана хит

Јаков Јозиновиќ се најде во интересна ситуација кога требаше да одговори на прашањето која колешка најмногу му се допаѓа.

Водителот Божо Добриша му ја спомена Наташа Беквалац, а одговорот на младиот Јаков веднаш привлече внимание.

„Браво, неа баш денес ја гледав, одлична е, ама може мајка да ми биде“, рекол без задршка, пишува српски Информер.

Водителот потоа се обидел да го „испровоцира“, потсетувајќи дека помладите мажи често сакаат постари жени и го прашал дали и тој е меѓу нив.

„Па мислам, сакам постари, ама не баш толку“, признал Јаков, но сепак нагласил дека пејачката изгледа врвно.

Дека тука не завршуваат изненадувањата, покажал и кога открил што прави со градниците и тангите што ги добива од обожавателките на настапите.

„Сето тоа оди во една колекција, ги чувам, тоа е спомен“, рече Јаков.

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....